Промени тема
Контакт

Охрид обезбеди две изданија на Брајово писмо по повод 4. јануари

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Охрид
Screenshot-2023-11-26-at-14.05.54

„По повод 4 Јануари-Meѓународниот ден на Брајовото писмо ја искажуваме нашата безрезервна поддршка за поголема инклузија на слепите лица и лицата со оштетен вид во сите сегменти на општественото живеење“, напиша Кирил Пецаков - Градоначалник на Општина Охрид.

Тој додава:

— реклама —

Брајовото писмо им овозможува на овие лица да имаат пристап до информации и контакт со надворешниот свет, а издавањето на книги со брајова азбука, обезбедува поголем пристап и до образованието, литературата и културните вредности.

— реклама —

Во таа насока, со поддршка на Општина Охрид, преку Одделението за култура обезбедивме подготовка на две изданија на Брајово писмо од книгата „Гоце Делчев“ на Ванчо Николески, кои ќе им ги предадеме на Библиотеката „Григор Прличев“ и на Здружението на слепи лица од Охрид. Минатата година подготвивме две изданија на Брајово писмо од Автобиографијата на Прличев.

— реклама —

Продолжуваме и во иднина да создаваме услови за поголема вклученост во заедницата на сите граѓани, бидејќи сите сме еднакви и заслужуваме подеднакви права и можности.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања