Општина Охрид понесе 4 тужби за стекнување на земјиште без основ. Со ова локалната бара од 4 та концесионери да исплатат средства кои биле предвидени за закупнина според стариот ценовник. Општината соработува и со останатите институции од кои побарала да им кажат кои други правни лица кои обавуваат дејност се пријавени, на која адреса и дали имаа активен договор. Што значи тужбите нема да завршат тука, туку општината ќе ги тужи и останатите.
Инаку за потсетување на крајот од месец август Антикорупциската комисија започна со проверка дали физички и правни лица на диво ги узурпираат плажите по должина на охридското и струшкото крајбрежје, со што компании и поединци беа осомничени дек узурпираат плажи без да плаќаат давачки кон општината. Тие побараа од Општина Охрид и Струга да им ја достават целокупната документација за јавното наддавање при доделување на концесиите.
Проблемот со плажите оваа летна сезона посебно беше нагласен што по медиумите што граѓаните на социјалните мрежи. Тие се жалеа дека на некои охридски плажи се наплаќал дури и влез.
Се начна и тамата дека концесионерите на Охридско–струшкото крајбрежје две години работат со истечени договори, со што никој не ги контролираше некогашните закупци, а тие пак тријат раеја и измислуваат начини да соберат што повеќе пари.
Инаку плажите во Охрид беа замислени како зони за рекреација со безбедни капалишта, уредена површина и објекти од времен карактер за угостителски услуги кои ќе придонесат за развој на туризмот. Плажите треба да имаат 60 % од површината лежалки, а 40% слободен простор за тие што сакаат на уживаат на песок.
Но, веќе одамна ни ова правило не се почитува. Лежалку не само што има поставени на целата површина, туку се толку блиску една до друга што буквално некој ти дише во врат.
фото: TripAdvisor