Промени тема
Контакт

Охрид претставен на саемот за туризам и спорт во Приштина

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Охрид
IMG-6cc3f982dac6b12f17397d2adbdc938e-V

Општина Охрид од 27 до 28 aприл учествува на Саемот за туризам и спорт кој се одржува во Приштина, Р. Косово. Помеѓу голем број на излагачи од регионот, штандот на општина Охрид предизвика голем интерес како од туристички така и од спортски аспект.

— реклама —

Штандот го посетија заменик министерката за култура и спорт на Косово, претседателот на олимпискиот комитет на Косово, престседателот на туристичка комора на Косово и др. Посетителите покажаа интерес за туристичката понуда на Охрид, а воедно и за спортските активности кои се одржуваат во Охрид.

— реклама —
— реклама —

Посебна промоција се направи за новиот спортско-туристички настан „Ohrid Water Festival“, кој во Охрид ќе се одржи од 18 до 27 август, при што беа остварени средби со организации од областа на спортот кои би зеле учество на активностите во рамките на Фестивалот.

— реклама —

Саемот е одлична можност за презентација на туристичката понуда на косовскиот пазар како и можност за остварување на соработка и на спортски план. Покрај овој Фестивал, промовирани беа и други спортски настани кои во наредниот период ќе се одржуваат во Охрид, како Охрид Трчат, фудбалски, кошаркарски турнири и други спортски манифестации.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarys6isuqib5h5f0d28b8i

Охрид со нови капитални проекти: Катна гаража, пречистителна станица и спортска сала

Охрид | пред 1 ден

— реклама —
media-librarygesnda26ae81frSiUhm

(Видео) Продолжува реконструкцијата на улицата „7-ми Ноември“ во Охрид

Македонија | пред 1 седмица

media-library8t0vpoac23pncs70GXV

Општина Охрид започнува чистење на речните корита и критичните точки

ОО | пред 1 седмица

media-libraryhfqjoqj9s2o980tZABb

(Видео) Видео од Охрид хит на социјалните мрежи: Девојче со преубав глас ја запеа „Ако згрешам нека изгорам“

Вирално | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања