Промени тема
За нас
Претрес во кочанската болница и противпожарна бригада - разговор со обвинетиот обезбедувач Захариев
Претрес во кочанската болница и противпожарна бригада - разговор со обвинетиот обезбедувач Захариев

Охрид SOS бара заштитни зони околу Билјанини извори: Ризикот по питката вода не е хипотетички - туку реален и растечки

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 часа -

Македонија
media-library71v7eienrlvqd6eXeGu

Денес невладината организација Охрид SOS поднесе иницијатива до Министерството за животна средина и до Министерството за здравство за воспоставување санитарно-заштитни зони околу Билјанини извори – Беј бунар. Според организацијата, ова не е само апстрактно правно прашање, туку реална опасност за водата и здравјето на граѓаните.

— реклама —

„Пред само неколку недели, во Струга, видовме што значи кога тие зони не постојат и зошто тие мора да постојат.

Билјанини извори не се само симбол на Охрид. Тие се воден ресурс во чувствителен регион, жариште на биолошка разновидност, во простор кој граничи со заштитени подрачја како Студенчишко Блато и Охридско Езеро, а кој наместо да се штити, масовно и насилнички се урбанизира. Без јасно утврдени заштитни зони, ризикот по питката вода за Охрид не е хипотетички - туку реален и растечки.

Законот е јасен: ваквите зони мора да постојат. Прашањето е зошто сè уште, со децении не се воспоставени. Со оваа иницијатива бараме итен ангажман на интитуциите, а не откако ќе има последици по здравјето на луѓето и животната средина. Заштитата на водата не смее да биде реакција - таа е должност“, се вели во објавата.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarykhi3q1lajavp8yNslR0

Охрид СОС за водата во Струга: Децении игнорирање и непреземање мерки за трајно решавање на проблемот испливаа на површина

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања