Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

„Охрид СOС“: Градоначалникот не ги разбира препораките на УНЕСКО

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
ohrid-12

„Охрид СOС“на својата фФејсбук страна сподели статус каде нагласува дека градоначалникот на Охрид Константин Георгиески не ги разбира препораките на УНЕСКО, па оттука не разбира што е НЕлегално градење, нелегална урбанизација покрај крајбрежјето на езерото, ниту пак покажува искрена намера да се справи со нив.

-Денес почнува 43. Седница на Комитетот за светско наследство. Градоначалникот на Општина Охрид, Константин Георгиески – официјална страна, спремен за Баку, неспремен да ги спроведе препораките на UNESCO!

— реклама —

Македонска делегација отпатува на 43. Седница на Комитетот за светско наследство за да издејствува политичка одлука на Комитетот и побара поправен испит. Но, дали има намера за поправка?

— реклама —

Од интервјуто со градоначалникот Георгиески, може да се заклучи следното:

— реклама —

1.Градоначалникот не разбира што значи НЕлегално градење. Имено, тој не го третира како криминал туку само како „тип на градба“. Исто така не прави ни разлика помеѓу објекти за кои е издаден налог за рушење и објекти кои се идентификувани како бесправно изградени.

Градоначалникот не гледа никаков проблем во (нелегална) урбанизација во строго заштитениот крајбрежен појас.

Градоначалникот наместо храброст и одлучност, покажува дека нема искрена намера да се справи со насилната и нелегалната урбанизација со што остава простор за истата несметано да продолжи.

Ваквиот став е во директна колизија со препораките од Реактивната мисија на УНЕСКО за кои македонската влада се обидува да купи време во Баку за да ги исполни.

Нелегалната урбанизација не е од вчера, ама градоначалникот тукушто ни кажа дека сигурно ќе е и утре, стои во нивниот пост на Фејсбук.

https://www.facebook.com/OhridSOS/posts/2372639943014649

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања