„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

Охрид SOS: Ве заболе вас за светското природно и културно наследство на Охридскиот Регион

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
Gradiste-1

По фотографиите објавени на социјалните мрежи дека се гради бетонски ѕид на плажата во Градиште, се огласија и од Охрид SOS. Тие во својата објава пишуваат:

— реклама —

ПАРАПЕТЧЕ 2020

Вонредната состојба се користи на различни начини, еве, некој решил да започне со изградба на парапетчето предложено пред многу години. Дека истата агенда ја тераат и новите коалициони партнери СДСМ - Социјалдемократски сојуз на Македонија и Bashkimi Demokratik për Integrim - BDI е повеќе од очигледно. Кога се во опозиција, делуваат како да се грижат за светското наследство, но чим дојдат на власт веднаш ги прифаќаат практиките на своите претходници. Додуша, „интегративците“ се постојано на власт безмалку две децении, така што тие веќе и не се преправаат.

— реклама —

Се гради ѕид практично в езеро. Не знаеме кој дал одобрение, кој гради, или зошто. Ги повикуваме инспекциските служби во Општина Охрид веднаш да излезат на терен и да се запре изградбата а да се санкционираат сторителите. Дополнително, во јавноста, да кажат како може да се случува ова. Зошто вакви работи не се прикажаа во брошурата за една година мандат на Константин Георгиески - Градоначалник на Општина Охрид? Претседателот Stevo Pendarovski нека вметне вонредна точка на таа т.н. лидерска средба па малку да се зборува и за ова, а не само за датуми за избори.

Секој ден, со секој еден ваков нов пример, само се потврдува лицемерноста на локалната и централната власт, отсуството на вистинска волја за справување со ваквите девијации. Додека козметички дотеруваа во извештајот до UNESCO, на терен имаме сосема спротивна практика. Од Радожда до Свети Наум. Благодарение на наши сограѓани, секој ден излегуваат на виделина вашите „подвизи“ и вистинското ваше лице. Ве заболе вас за светското природно и културно наследство на Охридскиот Регион. Ве интересира само профит и узурпација, и кој повеќе ќе ви тутне в џеб. Наместо справување со дивоградбите, аминувате да се градат нови.

https://www.facebook.com/photo.php?fbid=10222890602201870&set=pcb.10222890603401900&type=3&theater

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања