19 милиони денари или околу 350.000 евра се проценетите штетите од пролетното невреме кога поради високите бранови на Охридското Езеро и силнот јужен ветер беа направени штети на угостителските објекти и домовите на охриѓани сместени покрај езерското крајбрежје.
Елаборатот за штетите беше усвоен од страна на Советот на општина Охрид и истиот ќе биде испратен до Републичката комисија за проценка на штети која треба да ја донесе конечната одлука дали и во колкав процент ќе бидат обештетитени граѓаните. Од 129 барања за обештетувања, 20 се на правни лица, а останатите на физички лица.
„Ние како Комисија извршивме проценка и на легално и нелегално и на осигурано и на неосигурано. Тоа е законски. Тоа го праќаме до Владата и Владата ќе одлучи дали ќе ги обештети, дали ќе бара нешто дополнително. Мислам дека за скоро ќе бидат обештетени, но со кои проценки ќе бидат обештетени ќе одлучи Владата“, рече Раде Вељановски, општинска комисија за проценка на штети Охрид.