Промени тема
Контакт
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието

„Охрид трчаТ“, годинава ќе се одржи од 28 до 30 август

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија

Датумот е нов, но целта иста. Атлетскиот викенд „Охрид трчаТ 2020“ збогатен со полумаратон (21 километар) да биде спортски празник од светски размери во Охрид. Четвртото издание на „Охрид трчаТ“, ќе се одржи од 28 до 30 август низ градските улици со позитивна енергија и атмосфера, како никогаш претходно.

Официјално, ве известуваме дека поради новонастаната ситуација со Ковид -19. го одложивме Охрид трчаТ од 7 јуни и го презакажавме за последниот викенд од август месец. 

— реклама —

Одлуката за избор воопшто не беше лесна. Сакавме и размислувавме за Вас и за нашите организациски пријатели низ целиот Балкан колку што можеме да ви понудима опција што е најприфатлива. 

— реклама —

Ние ќе се погрижиме за добар спортски викенд во Охрид. Гратис од нас добивате бањање во Охридското езеро и затоа носете со вас купачи!

— реклама —

Чувајте се и се надеваме дека ќе ве видиме на трката во август! 

Што се однесува до сите регистрирани тркачи до сега, во следните 24 часа ќе испратиме е-пошта со информации за опциите што ги подготвивме за вас. Пријавените учесници имаат три опции. Задржување на пријавата за учество оваа година. Целосно рефундирање на финансиската средства од пријавата. Автоматска пријава за следното петто издание на Охрид трчаТ.

фото: Охрид трчат

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања