Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Охридска полиција гони агенција за јавна набавка: Не ангажирале доволно лиценцирани лица

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 месеци -

Охрид
media-library3gmdcpi8djn1evtcTgd
Скопје1.мк

СВР Охрид поднесе кривична пријава против агенција за обезбедување на имот и лица од Скопје и нејзиниот сопственик и управител И.С.(57), поради сомнение за злоупотреба во постапка за јавна набавка, соопшти Министерството за внатрешни работи.

— реклама —

„СВР Охрид поднесе кривична пријава против Агенција за обезбедување на имот и лица од Скопје и И.С.(57) од Скопје, сопственик и управител на агенцијата, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на постапка за јавен повик, доделување на договор за јавна набавка или јавно-приватно партнерство““, соопшти МВР.

— реклама —

Според полицијата, пријавениот не ги исполнил обврските од договорот склучен со Управата за заштита на културното наследство.

„И.С., со неизвршување на обврските по склучување на договорот со Управата за заштита на културното наследство, не ги исполнил техничките услови предвидени во договорот, односно ангажирал помал број на вработени лица“, соопшти МВР.

— реклама —

Клучен проблем бил недостигот на лиценциран кадар, кој бил задолжителен според договорот.

— реклама —

„Еден од основните услови за квалитетно извршување на договорот е економскиот оператор да има вработено или ангажирано минимум 10 лица за физичко обезбедување кои имаат лиценца и легитимации и да има вработено или ангажирано минимум пет лица за техничко обезбедување кои имаат лиценца за техничко обезбедување“, соопшти МВР.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryqldkkmn76jql5nL9MN3

Малолетничка била задржана против своја волја во автомобил до следното утро

Слајдер | пред 10 часа

— реклама —
media-librarybe7m9drimt2m1NzDS15

Ловеле во време на забрана, полицијата им пронашла пушки и месо од дивеч

Македонија | пред 1 ден

media-library22ehvslmdm22arH0l94

19-годишник ја вознемирувал девојката и се заканувал дека ќе ги објави нејзините интимни снимки

Македонија | пред 1 ден

media-libraryio9v3rupk110dzOqtNT

Четиригодишно девојче тешко повредено при пад од скали во семејна куќа во Средно Коњари

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања