Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

„Охридски комуналец“ апелира: Градинарскиот отпад да не завршува на депонии

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

ОО
media-librarynhv9nuanbm3g8h4LOZb

ЈП „Охридски комуналец“ апелира до граѓаните правилно да го селектираат и третираат градинарскиот отпад, предупредувајќи дека неговото одлагање на депонии создава сериозни последици врз животната средина и здравјето на луѓето.

— реклама —

Од претпријатието посочуваат дека кога лисјата, тревата и гранките завршуваат на депонии како Буково, тие се распаѓаат без присуство на кислород и создаваат метан – гас што значително придонесува за климатските промени.

Воедно, при распаѓањето се ослободуваат непријатни мириси, штетни честички и микроорганизми кои можат да предизвикаат иритации на дишните патишта, алергии и влошување на хроничните заболувања кај населението.

— реклама —

Дополнително, мешањето на органскиот со друг отпад создава течности што можат да ја загадат почвата и подземните води.

— реклама —

Како решение, од „Охридски комуналец“ го посочуваат компостирањето, со кое градинарскиот отпад се претвора во природно ѓубриво богато со хранливи материи.

Со тоа се намалува количината отпад што завршува на депонија, се намалуваат штетните гасови, се подобрува квалитетот на почвата и се намалува потребата од хемиски ѓубрива.

— реклама —

„Отпадот е прашање што нѐ засега сите. Селектирај правилно“, апелираат од претпријатието.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library80jfe7218uilfQjuGU2

Физички напад во угостителски објект на кејот „Македонија“ во Охрид

Македонија | пред 5 дена

— реклама —
media-libraryieiifrbnci9b2DoVXzS

ЈП „Охридски Комуналец“ ги подготвува цветните леи за есенско-зимската сезона

ОО | пред 2 седмици

media-librarybmmhk23aqoro5LkPDPu

Перчо Божиновски: Младите охриѓани со три проекти ќе го претставуваат градот на Националниот ЛАПСИ форум

ОО | пред 2 седмици

markica

Се одржа седумнаесеттата седница на Градскиот совет

ОО | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања