Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Охридски Комуналец до Левица: Ако сте загрижени, вклучете се волонтерски во нашите акции

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Охрид
278475861_435456938382135_2891790123688371680_n

„Општата економската состојба во државата која предизвика пад на економската моќ и стандардот на правните и физичките лица во општина Охрид, кои ги користат услугите на ЈП “Охридски Kомуналец“ Охрид доведувајќи ги во ситуација воопшто да не можат или навремено да ги сервисираат своите обврски кон претпријатието, а од друга страна зголемувањето на цената на струјата и водата, доведе до потреба од привремен принуден одмор“, реагира ЈП “Охридски Kомуналец“ Охрид.

Оттаму на објава од партијата „Левица“ односно огранокот во Охрид додаваат:

— реклама —

„Ваквата состојба и покрај максималните заложби на вработените предизвикува отежнување и неможност да се приберат планираните средства и приходи за нормално реализирање на Планот и Програмата за работа за 2022 година.

По направената сеопфатната анализа од страна на ВД Директорот и стручниот колегиум одлучи за ублажување на ситуацијата и припремите за тековната година да ја примени мерката Привремен принуден одмор согласно одредбите од Колективниот договор за комунални дејности на РМ и Колективниот договор на ЈП “Охридски Комуналец“ Охрид.

— реклама —

Со Програмата за привремен принуден одмор се има за цел да се намалат трошоците во јавното претрпијатие во извесен период, а при тоа да се овозможи непречно извршување на дејностите на претрпијатието кои се од јавен интерес.

Програмата за привремен принуден одмор е од времен карактер, односно се воведува за период од шест месеци и тоа во период од месец април 2022 до јуни 2022 година и од месец октомври до месец декември 2022 година.

— реклама —

Со оваа мерка ќе бидат опфатени оние вработени во ЈП кои не ќе можат да бидат оптимално ангажирани, со исклучок на оние кои се потребни за обезбедување техничка сигурност и физичко-техничко обезбедување на објектите и средствата, и непречен тек на работите во претрпијатието.

Во овој контекс сакаме да истакнеме и појасниме дека ново вработени лица се во најголем дел сезонски работници во сектор “Коминална хигиена“ и сектор “Паркови и зеленило“ кои се неопходни за редовно извршување на работните задачи.

— реклама —

Мерката ППО ќе ја користат вработени лица кои не се во сектор “Коминална хигиена“ и сектор “Паркови и зеленило“ односно лица кои се распоредени во другите сектори на ЈП, а притоа се работи за работно место на кои не се примени работници на определено време.

Имајќи ја во предвид економската состојба на ЈП од една страна, а од друга страна туристичката сезона која набрзо доаѓа, јавно ги повикуваме Левица – Охрид кои се “загрижени за заштеди на средства“ на ЈП “Охридски Комуналец“ Охрид истите волонтерски да се приклучат во секојдневните активности во одржување на комуналната хигиена и јавната чистота во градот Охрид“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryieiifrbnci9b2DoVXzS

ЈП „Охридски Комуналец“ ги подготвува цветните леи за есенско-зимската сезона

ОО | пред 1 седмица

— реклама —
media-librarybmmhk23aqoro5LkPDPu

Перчо Божиновски: Младите охриѓани со три проекти ќе го претставуваат градот на Националниот ЛАПСИ форум

ОО | пред 1 седмица

markica

Се одржа седумнаесеттата седница на Градскиот совет

ОО | пред 1 седмица

media-library97kv8qhuab0i2Fx67P5

Свечена академија „Од идеја до независност“ по повод 23 Октомври

ОО | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања