„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Охридскиот совет ја усвои Одлуката за времен прекин на донесување и спроведување на урбанистички планови

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
sovet

Советот на Град Охрид денеска ја усвои Одлуката за времен прекин на донесување и спроведување на урбанистички планови, со што се постапува по Заклучоците од 146-та седница на Владата за прогласување мораториум на градежните активности.

— реклама —

– Општина Охрид ја почитува и прифаќа реафирмацијата на определбата на македонската Влада да се зачува статусот светско наследство на УНЕСКО на природното и културно наследство на Охридскиот регион. Се воведува времен прекин на спроведување и донесување урбанистички планови, урбанистичко плански документации и архитектонско-урбанистички проекти на територијата на општина Охрид. Времено се прекинуваат сите нови постапки за предмети кои се однесуваат за издавање на одобрение за градење, одобрение за надградба и одобрение за доградба по стапување на сила на одлуката. Сите постапки со добиено одобрение за градење можат да продолжат со реализација, стои во Предлог-Одлуката.

На денешната седница воздржано гласаа само советникот од редовите на ДУИ Нефи Усеини и советникот на БЕСА и Алијанса на Албанците Џемал Мена.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања