Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Охридско Езеро полно со фекалии

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
E0259A28-2575-47A4-A484-02FD0D841584

И покрај сите предупредувања, препораки од УНЕСКО и дадени рокови за почетокот на спроведувањето на неопходните мерки, знаци за забpaнето капење од вчера се поставени во Охрид, на плажите на потегот од Самоиловата тврдина кон Партизан, Младост, пишува 1ТВ.

Станува збор за населбата Воска, која е прва населба од тврдината кон Струга. Очевидци велат отпадните води и фекалии директно се влеваат во езерото. Охрид оваа сезона е полн со туристи, а во овој дел од охридското крајбрежје летуваат и странците. Според некои информации во одморалиштето Партизан моментално летуваат околу 100 деца.

— реклама —

Градоначалникот на Охрид Костадин Георгиевски за 1ТВ потврди дека водата е загадена и постои забрана за пливање во овој дел од езерото.

— реклама —

„Во редовните контроли кои ги врши ЈЗУ Центар за јавно здравје Охрид, утврдено е загадување на водата од трета категорија на потегот околу Партизан и Младост. Периодот наназад немаше излевање на колекторскиот систем кој со крајни напори го одржуваме во функција. Инаку колекторскиот систем има преливен испуст кај игралиштето Воска, кој е активен при обилни врнежи, но во изминатите два месеци немаше прелевање и најверојатно причина за загадувањето се нелегални канализациони приклуцоци во реката Грашница . Екипите на Нискоградба и Проаква се на терен. Во вторник следуваат резултатите од анализите земени предходниве неколку дена, а во понеделник ќе се земат нови примероци од страна на ЈЗУ Центар за јавно здравје. Таблата ја постави секторот за комунални дејност при Општина Охрид, по задолжение од Државен здравствен и санитарен инспекторат“, вели Константин Георгиевски, градоначалник на Охрид.

— реклама —

Сепак првиот човек на општината не даде одговор на прашањата на 1ТВ зошто властите не преземаат чекори за санација на повеќе од 30 години стариот и нефункционален колекторски систем и како општинските власти дозволиле да има нелегални канализациони приклучоци во реката Грашница.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања