„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

„Охридско лето“ по повод смртта на маестро Кшиштоф Пендерецки „Охридско лето“ по повод смртта на маестро Кшиштоф Пендерецки

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Магазин
pendrecki

Светски познатиот полски композитор Кшиштоф Пендерецки почина на 86 години, по долга и тешка болест.

— реклама —

Неговата смрт не е поврзана со коронавирусот.

– Иако личноста која се грижеше за него беше позитивна на коронавирусот, резултатот од неговиот тест беше негативен, изјави неговата ќерка Беата.

— реклама —

Пендерецки е најмногу познат по делото „Тужбалица“, посветено на жртвите од Хирошима, и „Пасија по Лука“.

Тој е познат по музиката што ја компонираше за филмови, како што се „Егзорцист“ на Фриткин, „Сјаење“ на Кјубрик, „Диви во срцето“ и „Внатрешна империја“ на Линч, „Катин“ на Вајда…

Добитник е четири греми награди, последната во 2016 година.

Фестивалот „Охридско лето“ се огласи по повод смртта на светски познатиот полски композитор и диригент Кшиштоф Пендерецки.

-Светот на уметноста се збогува со еден од најголемите светски уметници на денешницата. Славниот Пендерецки е еден од најголемите уметници кои настапиле на фестивалската сцена на „Охридско лето“. Легенда која ќе остане запишана во фестивалската историја на најславните уметници со кои Охридско лето го изгради својот голем успех. Токму неговото име е едно од оние великани со кои годинава ќе се одбележат 60 години успешно постоење на фестивалот, стои во соопштението од Фестивалот. Маестро Пендерецки на „Охридско лето“ настапи во 2013 година, а неговиот концерт беше оценет како збиднување со исклучителни уметнички вредности, реализација на фестивалскиот концепт во Охрид да дојдат и настапуваат најзвучните имиња од светската класична музичка. -Вечно ќе му бидеме благодарни на овој музички гениј за неговиот неповторлив настап на 53-то издание на Охридско лето, во годината кога кога низ целиот свет се реализираа концерти токму по повод јубилејните 80 години од неговото раѓање. Токму затоа неговиот настап даде посебен белег на „Охридско лето“, но и придонесе за светска афирмација на нашата држава, стои во соопштението. Во богатиот творечки опус Пендерецки најпознати дела се „Тужбалица“, посветено на жртвите од Хирошима, оперите „Луденските ѓаволи“ и „Убу Рекс“, вокалните композиции „Страста по Лука“ и „Полски Реквием“. Дел од неговото творештво е и филмската музика, меѓу кои за „Егзорцист“ на Фриткин, „Сјаење“ на Кјубрик, „Диви во срцето“ и „Внатрешна империја“ на Линч, „Катин“ на Вајда… Тој ја компонираше и музиката за отворањето на 29-те Олимписки игри во Пекинг во 2008 година. Добитник е четири греми награди, последната во 2016 година. Концертот на Пендерецки со Македонската филхармонија одржан на Охридско лето е прогласен за „музички настан“ во државава за 2013 година.

фото: In4s

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања