Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

Охридско лето: Прекрасна вечер на Бах со германскиот виолончелист Даниел Милер-Шот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Охрид
1L3A0272

Еден од најбараните виолончелисти на денешницата, Даниел Милер-Шот од Германија, вчеравечер беше дел од концертната програма на фестивалот Охридско лето“ изведувајќи дела од композиторот Јохан Себастијан Бах.

Тој е присутен на сите големи концертни подиуми и веќе неколку децении ја одушевува публиката како голем амбасадор на современата музика преку неговите идеи за обединување на музиката, литературата и визуелната уметност.

-Настапот на „Охридско лето“ значи многу за мене. Првпат сум во Охрид, вторпат во Македонија. Во Охрид преубава е природата, но и луѓето се извонредни, така што едвај чекав да ги споделам звуците на виолончелото со публиката, рече виолончелистот Милер-Шот.

Неговиот репертоар вклучува бројни дела од барокот, па сè до новосоздадени современи дела. Особено е посветен на проширувањето на репертоарот за виолончело преку сопствени аранжмани и преку соработки со современи композитори.

— реклама —

Честопати сам ги претставува концертите и ги пишува текстовите за неговите бројни ЦД-а. На неговиот фестивал во Вевеј креира програма која ги вклучува делата на Бах придружувани со танцова кореографија во обид на визуелен начин да ја „преведе“ музиката. Неговите соработници за камерна музика ги вклучуваат: Кит Амстронг, Рено Капусон, Вероника Еберле, Џулија Фишер, Џанин Јенсен, Сабине Мејер, Нилс Монкемејер, Ан-Софи Мутер, Франческо Пјемонтеси, Емануел Тјекнавориан, Симон Трпчески, како и квартетот „Модиљани“ и др.

За него и за неговиот инструмент се напишани голем број дела.

— реклама —

-Почестен сум што неколку композитори сакале да напишат дела за мене и за мојот инструмент, и уживам во изведување на музиката од наше време и во работењето со моите пријатели, композитори,музичари. Се радувам што даваме живот на нова музика бидејќи е жив процес.

— реклама —

Но исто така мислам и дека постарата музика како Бах треба да се свири како прва изведба бидејќи за многу луѓе кои не ја слушнале оваа музика на некој начин е и современа музика која се трансформира во времето пред 300 години и сите уживаат во неа, додаде германскиот уметник Милер-Шот кој свири на виолнчелото „Екс Шапиро“ изработено од Матео Гофрилер во 1727 година.

Оваа концертна сезона меѓу другото вклучува негова турнеја низ Германија со пијанистот Јан Лисецки и оркестарот „Ст. Мартин ин д филдс“, настапи со виолинистката Џулија Фишер, како и концерти со Камерниот оркестар на Концертгебау, Филхармонијата во Хелсинки, Оркестарот на шпанската РТВ и др., како и серија камерни концерти со пијанистот Давид Фре. Оваа година, Милер-Шот има уметничка резиденција на Фестивалот на Камерниот оркестар во Цирих, а на Фестивалот Мекленбург – Форпомерн одбележува 30 години од првиот настап.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library2gqs3nnicf8s0W1BlZN

Денис Расел Дејвис и Маки Намекава приредија незаборавен концерт во „Света Софија“

Магазин | пред 1 седмица

media-libraryfo4basad0t541D4I5Cd

Шпанското трио „Вибрарт“ вечерва настапува на „Охридско лето“

Магазин | пред 1 седмица

media-libraryrct6p1ehcfoo1MPY1J9

Вечер на македонската оперска уметност на „Охридско лето“ со Игор и Ана Дурловски

Охрид | пред 2 седмици

media-library0huk096dbp1c3T5OEeo

„Охридско лето“ добитник на престижна та меѓународна награда „Да за уметноста“

Магазин | пред 5 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања