СВР Охрид поднесе кривична пријава против 29 годишен Охриѓанец, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „разбојништво“. Пријавениот, на 29.12.2019 околу 05.40 часот во населбата „Грашница“ во Охрид, со остар предмет ја нападнал Ј.С.(66) од Охрид по што и ја одзел чантата во која имало пари и два мобилни телефони. На Д.Н. му е одредена мерка притвор од 30 дена.
фото: Архива