Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вршење јавен превоз без лиценца“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против Г.К.(68) од охридското село Лескоец. При извршена контрола во патниот сообраќај на 04.02.2022 година, полициските службеници на булеварот „Туристичка“ во Охрид, го затекнале пријавениот како управува автобус сопственост на правен субјект од Охрид, без да поседува соодветна лиценца издадена од надлежен државен орган за вршење превоз на патници за внатрешниот сообраќај.
Охриѓанец превезувал патници без лиценца
Автор:
Скопје1.мк
објавено пред 4 години -
Македонија