Охриѓанец жртва на измама, полицијата апелира: „Не наседнувајте на вакви информации“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
mobilen-telefon

На 27.09.2020 во 22.10 часот во СВР Охрид, 76-годишен жител на Охрид пријави дека бил измамен од едно лице за сума од 650 евра и 40.000 денари. Според пријавеното, околу 15.00 часот лицето му се јавило на неговиот мобилен телефон и му соопштило дека бил очевидец на сообраќајна незгода со смртни последици, предизвикана од неговата ќерка во една соседна земја. Исто така, според пријавеното, лицето му побарало 25.000 евра за да помогне ќерка му да ја избегне затворската казна. Како што е пријавено, лицето се согласило и за помала сума и по кратко време пријавителот му дал 650 евра и 40.000 денари.

— реклама —

СВР Охрид презема мерки за расчистување на случајот. Апелираме до граѓаните, посебно до повозрасните, да не наседнуваат на вакви и слични информации добиени од непознати лица и секој таков случај да го пријават на телефонскиот број 192 или во најблиската полициската станица.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања