Ударно
Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

Охриѓанецот Цветкоски месец и половина живее без струја, вели „ЕВН ми пронајде долг од пред неколку години кој требаше да ми биде простен“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
Slavco

Славчо Цветкоски од с. Лескоец - Охридско, во време од корона во време од финансиска криза веќе месец и половина, со својата мајка живее без струја.

— реклама —

„Исклучена ми е струјата, поради не платена сметка заборавена во време од корона без да ме опоменет. А ми го извадија и броилото кое го имам платено. Ме теретат за кражба на струја. Како би можел да крадам струја, кога не се разбирам во тоа“, вели Цветкоски.

Тој образложува дека не добил  опомена.

— реклама —

„Не добив никаква опомена  дека имам заостанат долг, за неплатена сметка. Пронашле стар долг од пред две три години што сме го имале, кој требаше да ни биди опростен од претходната влада, а не ни го опростиле од незнам кои причини, добив само некое несватливо образложение“, раскажува Цветкоски.

На прашањето за колку неплатени сметки ЕВН му ја исклучила струјата тој вели:

„Долгот беше за еден месец, за тоа ми ја исклучија струјата, го подмирив долгот за што имам и докази дека имам платено. Кога го платив овој долг, го побараа стариот долг од пред неколку години кој имаше судска неразрешница. Тогаш ни рекоа да продолжиме редовно да плаќаме, а долгот да си остане долг.  А како да го платам стариот долг не знам. Не сум вработен. Чекам некоја минимална социјална помош. Во кризава почнав да се пријавувам. А порано се снаоѓав, заработував, за да не зависам од никого. Се чувствувам работоспособен, сакам да заработам чесно, а не да зависам од некого“, вели Цветкоски.

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања