„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

Охриѓанецот Мр. Докторски студент Ненад Сврзикапа кој работи на Оксфордскиот Универзитет категоричен: Вакцините се исклучително важни!

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
nenad-11

Вакцината против коронавирус што ја разви Универзитетот Оксворд има ефикасност од 90 отсто. Покрај оваа на пазарот за брзо ќе будат пуштени и американските вакцини Фајзер и Модерна кои исто така покажаа ефикасност од 90 отсто.

— реклама —

Сепак, Оксвордската вакцина е многу поевтина и полесна за складирање, со што би можела да стигне до многу поширока популација, па, ако биде одобрена, ќе има значајна улога во борбата со пандемијата.

Додека ја чекаме вакцината која е единствено светло во тунелот по што ќе може животот полека да се врати во нормала побаравме стручно мислење колку вакцината може да помогне да се победи ова зло. Охриѓанецот Мр. Докторски студент Ненад Сврзикапа, од  одделот на Педиатрија на Универзитет Оксфорд, Линакер Колеџ, (ALM Department of Paediatrics, University of Oxford, Linacre College), за Скопје 1 категорично вели: Вакцините се исклучително важни!

— реклама —

„Во моментов имаме 3 вакцини кои имаат успех над очекувањата на СЗО и ФДА. Тоа што вакцините имаат потенцијал да се ефикасни над 90% е одлична вест која го означува и почетокот на крајот на оваа пандемија“, вели Сврзикапа.

Тој додава дека од оваа ситуација може да излеземе на три начини.

1. Вакцини

2. Лек

3. Да претрпиме огромни загуби на човечки животи каде што нема да постои човек на планетава кој нема да загубу свој близок пријател или роднина.

Сврзикапа додава дека сега е вистински момент да се даде доверба на науката и да се избегнат лажни вести кои можат да ни наштетат на сите.

„Процесот на развивање и одобрување на вакцини е исклучително ригорозен, базиран на солидна наука, и испитан од независни медицински експерти чија основна цел е да спасат што повеќе човечки животи. Јас апелирам до сите граѓани да се однесуваат совесно, да веруваат во наука и да ја примат вакцината што помасовно кога е достапна“, истакна Сврзикапа.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања