Охриѓанка видела сообраќајка, паднала и се повредила

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија

На 09.06.2020 во 10.50 во СВР Охрид, пријавено е дека на крстосницата на улиците .„Трајче Трајчески“ и .„Сатеска“ во Охрид, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „Шевролет Спарк“, со охридски регистарски ознаки, управувано од 31 годишен Охришанец и патничко возило „Фолксваген Поло“, со скопски регистарски ознаки, управувано од 71 годишен скопјанец. Притоа, 77 годишна Охриѓанка, која во тој момент се движела по тротоарот, се исплашила од ударот на возилата и паднала на тротоарот, здобивајќи се со тешки телесни повреди, констатирани во болницата „Св. Еразмо“, каде била пренесена за укажување на лекарска помош. На местото на незгодата, увид изврши увидна екипа од СВР Охрид.

— реклама —

фото: Архива

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања