(Видео) Папата Лав XIV со деца го повторуваше виралното „6-7“, снимката стана хит
Папата Лав XIV се приклучи на популарниот TikTok тренд „6-7“ за време на средба со деца на плоштадот „Свети Петар“ во Ватикан.Снимката од моментот ја објави италијанскиот свештеник и инфлуенсер Дон Роберто Фишер, а видеото брзо стана вирално на социјалните мрежи.На видеото се гледа како група деца ја изговараат фразата „6-7“ и прават карактеристични движења со рацете, по што папата им се придружува и ги повторува истите движења.Трендот „6-7“ е популарен меѓу децата и тинејџерите на TikTok и претставува интернет-мем без конкретно значење, базиран на повторување на фразата и ритмични движења.На снимката реагираше и американскиот политичар Кристофер Хејл, кој на платформата Икс напиша дека папата Лав XIV „има широко културно влијание“.Папата Лав XIV, роден како Роберт Превост во Чикаго, е првиот американски папа во историјата на Католичката црква.
Магазин | пред 11 час