АФРИМ ГАШИ

IMG_6185

(Видео) За сватот Гаши, дајте една свадбарска

Почесниот сват на свадба на Косово, собранискиот спикер Африм Гаши, доби посебна покана од музичарите за да го поведе орото.Снимката ја објави ТВ Клан, а самиот настан на одење во сватови со службено возило и обезбедување предизвика лавина реакции во јавноста.Денеска од опозициската СДСМ реагираат дека има тешка злоупотреба на граничниот премин Блаце и пропуштање на приватни возила и лица без контрола кои патувале во поворка заедно со Гаши и сватовите.За владејачкото мнозинство, ВМРО-ДПМНЕ , самата позиција на Гаши е проследена со задолжителен протокол и постојана придружба.Левица веќе за неколку случаи поднесе интерпелација за Гаши.

Македонија | пред 1 година

afrim-gasi

Гаши да не се вознемирува, останува претседател на Собрание и нема вина за насоките кон обезбедувачот да ја спасува Османи

Африм Гаши да си остане претседател на Собранието, смета пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи, не е лоцирана одговорност кај него иако тој дал насоки на обезбедувањето при инцидентот со косовската претседателка Вјоса Османи. Истовремено, министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски кажа дека кривично-правна последица од давањето на насоките не е лоцирана кај Гаши, па МВР нема да поднесе ниту поднесок до Обвинителството. Со ова, Гаши е слободен човек, иако дал насоки на обезбедувачот да ја „спасува“ Османи.„Согласно внатрешните правила и процедури на МВР, немал право да го напушти вип објектот кој што го обезбедувал и не е негова одлуката, ниту пак надлежност да смирува, или да разгорува, или да прави што било што не е поврзано со описот на неговите работни задачи“, кажа Тошковски за 5ТВ.Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ не смета дека е потребна смена на претседателот на Собранието Африм Гаши бидејќи, како што наведува партијата во соопштение, одговорноста е лоцирана и е поднесена кривична пријава.„Институциите како никогаш до сега преземаа итни и неодлoжни мерки. Сега има кривични пријави, а во минатото ваквите случаи беа ставани под тепих. Ние докажавме дека држава има и дека законите мора да важат за секого. Обидите на СДС, ДУИ и Левица да ќарат политички поени на оваа тема не нè изненадуваат и очекуваме вакви и слични обиди за девијантно однесување од нивна страна и во иднина, соопшти Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ.Левица, веќе поднесе интерпелација за Гаши и од таму рекоа дека причината е „воведување непринципиелни политики во Собранието“.„Причината е и поради повреда на дипломатските правила за обезбедување ВИП личности, а тоа е актуелниот случај кога шефот на обезбедувањето на спикерот на македонското Собрание учествуваше во практично дипломатски скандал на Меѓународниот аеродром во Скопје и спикерот Гаши јавно призна дека лично ја дал наредбата за негова интервенција во недозволена ареа, рече претседателот на Левица, Димитар Апасиев.

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања