АРАЧИНОВО

Screenshot-2022-12-03-at-16.52.13

Десетици специјалци во Арачиново за апсење на вработен во локал кој имал пиштол со него

На 03.12.2022 полициски службеници од СВР Скопје - Единица за недозволена трговија, Единица за интервентна полиција, Оперативен тим за Потраги и Одделот за специјални полициски операции извршија акциска контрола во угостителски објекти на подрачјето на с.Арачиново, скопско, при што лишен од слобода А.Д.(40), вработен во еден од локалите.Кај него бил пронајден пиштол "ТТ" и рамка со осум куршуми. Тој е приведен во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе биде поднесена кривична пријава по чл. 396 од Кривичниот законик. Инаку, во рамки на акциската контрола бил извршен преглед на 54 лица затекнати во угостителските објекти и 11 возила.

Скопје | пред 3 години

struja-4

Левица поднесе кривична пријава за кражба на струја во Арачиново

Левица поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Скопје за кривично дело „Кражба на електрична енергија, топлинска енергија или природен гас“, предвидено и казниво по член 235 – а од Кривичен законик против непознат сторител од Општина Арачиново, велат од партијата.„Според ЕВН Хоум, во општина Арачиново нема струја поради дефект од оптоварување на трафостаниците, кое е настанато поради незаконско користење струја од страна на некои жители.Министерот за економија Бектеши тогаш наведе дека загубите на струја во Арачиново се дури и до 80 отсто, поради диво приклучување на мрежите.Во ек на светската енергетска криза, недозволиво е одреден број на жители да не ги подмируваат сметките, на штета на оние кои уредно тоа го прават - ниту пак жителите на општината кои совесно ја извршуваат оваа обврска да се соочуваат со потенцијално исклучување поради оние кои не го прават тоа.Обвинителството да не чека дозвола од ДУИ и СДС да постапи!Левица ја поднесе оваа кривична пријава за кражба на струја до ОЈО Скопје, кое како овластен орган по службена должност треба да постапи со цел спречување на вакви казниви дела и казнување на нивните сторители.Со ова несовесно и незаконско постапување од страна на одредени жители од Арачиново, односно со диво приклучување на електричната мрежа, загубите ги покриваат совесните граѓани, кои ја плаќаат струјата и поради тоа добиваат високи сметки во период на огромна инфлација“, додаваат од Левица.

Македонија | пред 3 години

mk-nato-6

Според кој НАТО стандард огранокот на СДС Арачиново регрутира професионални војници, вели ВМРО-ДПМНЕ

Скандал и блам, партијата на дезертерот Ковачевски регрутира професионални војници преку општински ограноци, вели ВМРО-ДПМНЕ„На фејсбук страната на СДС Арачиново е објавено известување до членовите на СДС од Арачиново со информација сите тие кој што се јавиле на огласот за професионални војници во АРМ, да се јават кај претседателот на СДС Арачиново!Ова е срам и блам за македонската армија. Ова е доказ дека СДС партизира се од чистачка до министер. Устата им е полна за стандарди и НАТО, а огласите за професионални војници им поминуваат низ штабски филтер во огранок како Арачиново.Каде е министерката Славјанка Петровска, каде е дезертерот Ковачевски да кажат според кој НАТО стандард огранокот на СДС во Арачиново регрутира професионални војници во АРМ?И од дезертерот Ковачевски да е, премногу е! Единиците на АРМ ги претворија во партиски штабови. Да беа нормална влада, каква што не се, уште синоќа ќе фрчеа оставки. За ваков скандал оставка треба да си поднесат и дезертерот Ковачевски и министерката Славјанка Петровска во пакет. Треба да знаат дека ако бегаат, нема да избегаат од одговорност. Народот ќе ги казни сурово на следните избори и заовој скандал и за целата катастрофална состојба во која ја донесоа државата“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 3 години

Нема фотографија

За влезот на ЕВН во Арачиново: Ова е мал чекор за човекот, но голем за ЕВН, уште едно историско достигнување

Екипите на ЕВН денеска конечно добија можност да влезат во Арачиново и да ги отстранат дефектите во електричната мрежа поради кои големи делови од селото со недели беа без струја. ЕВН претходно одбиваше да испрати екипи да ги санираат дефектите, велејќи дека нивните вработени не биле безбедни во Арачиново, дека постојано биле вербално и физички напаѓани, а дефектите се случувале поради сеприсутните кражби на струја.Ова се дел од реакциите на социјалните мрежиhttps://twitter.com/realTotoMK/status/1564171795896442881?s=20&t=4QZ9SG1nGbJQn3-64ZxpOQhttps://twitter.com/boemot_mk/status/1564279633847123970?s=20&t=4QZ9SG1nGbJQn3-64ZxpOQhttps://twitter.com/gorge_kocev/status/1564278395965423617?s=20&t=4QZ9SG1nGbJQn3-64ZxpOQhttps://twitter.com/FidelKastro07/status/1564278026304643073?s=20&t=4QZ9SG1nGbJQn3-64ZxpOQhttps://twitter.com/glinenaa/status/1564269043938459649?s=20&t=4QZ9SG1nGbJQn3-64ZxpOQhttps://twitter.com/Dr_Stevo_za_se/status/1564275441627693061?s=20&t=4QZ9SG1nGbJQn3-64ZxpOQhttps://twitter.com/wolf_forest_228/status/1564260351515975681?s=20&t=4QZ9SG1nGbJQn3-64ZxpOQhttps://twitter.com/Analiticarot0/status/1564257357139525633?s=20&t=4QZ9SG1nGbJQn3-64ZxpOQhttps://twitter.com/therealpsmst/status/1564241157042966529?s=20&t=xWmkBeey5YDBXe_eb8dAGAhttps://twitter.com/dodo__81/status/1564255226856611843?s=20&t=4QZ9SG1nGbJQn3-64ZxpOQhttps://twitter.com/wolf_forest_228/status/1564288370838306823?s=20&t=rH12zGUXU1zhLoiSmZJvBAhttps://twitter.com/100deutschemark/status/1564316878167851008?s=20&t=rH12zGUXU1zhLoiSmZJvBA

Коментари | пред 3 години

Screenshot-2022-08-29-181005

(ВИДЕО) Екипите на ЕВН ги пуштија во Арачиново, еве што затекнаа

Екипите на ЕВН денеска конечно добија можност да влезат во Арачиново и да ги отстранат дефектите во електричната мрежа поради кои големи делови од селото со недели беа без струја. ЕВН претходно одбиваше да испрати екипи да ги санираат дефектите, велејќи дека нивните вработени не биле безбедни во Арачиново, дека постојано биле вербално и физички напаѓани, а дефектите се случувале поради сеприсутните кражби на струја.Според ТВ21, локалното население денеска не правело никакви проблеми. Екипите на ЕВН кои влегоа во Арачиново, насекаде низ селото затекоа кабли за струја и други докази за кражби. Според пресметките на компанијата, во селото годишно се краде струја вредна шест милиони евра.Според договорот, кој беше постигнат со посредство на министерот за економија Крешник Бектеши, струјомерите во Арачиново отсега ќе се поставуваат надвор, пред куќите, за подобра евиденција и контрола на користењето на електричната енергија од страна на надлежните. Процесот на преселба на струјомерите ќе трае една година.

Македонија | пред 3 години

Screenshot-2021-12-26-at-22.38.25

„Бидејќи Бектеши нашол решение за струјата во Арачиново, тогаш не мора да плаќаат и другите“, вели Хајредини

Eкс министерот Џевдет Хајредини ја искоментира прес - конференцијата која вчера ја одржа министерот за економија, Крешник Бектеши за снабдувањето со електрична енергија во Арачиново.„Бидејќи Бектеши нашол решение за струјата во Арачиново, тогаш не мора да плаќаат и другите. Ќе најде тој решение и за сите други“, пишува Хајредини на социјалните мрежи.Бектеши најави дека од понеделник ЕВН ќе работи на терен во Арачиново. Од ЕВН се пожалија дека нивни екипи се мета на напади, и бараат жителите на Арачиново да не манипулираат и да не оштетуваат броила. Три дена Арачиново беше без струја, затоа што имаше дефект поради диви приклучоци.

Коментари | пред 3 години

osiguraci-struja-3

Арачиновец за неплаќањето струја: Зошто да даваме пари на ЕЛЕМ и МЕПСО кога државата може да субвенционира сметки за струја

Арачиновецот Шефик Дураку по своја логика и од свој агол се труди да ја објасни ситуацијата во Арачиново кое должи 6 милиони евра на ЕВН за неплатени сметки за струја.Дураку смета дека граѓаните, меѓу нив и жителите на Арачиново кои се сиромашни не треба плаќаат за струја која ја произведува државата преку ЕСМ, а ја дистрибуира преку МЕПСО.„Да се обидеме преку логика да го оспориме апсурдот!Еве го: ЕЛЕМ е производител на струја, тоа е државна компанија која се финансира од државниот буџет со наши пари.Со наши пари ја произведуваме струјата, со свои пари ја дистрибуираме (примарната мрежа (висок напон) и секундарната (среден напон) и потоа готовата струја по ниска цена ја продаваме на ЕВН, странска компанија која потоа ни ја продава по багателна цена…Малку да поедноставиме: со свои пари произведуваме струја, со свои пари ја дистрибуираме и на крај се враќаме и купуваме од странска компанија.. ова е апсурдот со кој здравиот разум ја изгуби битката овде.Еве еден многу поедноставен пример за да се разбере уште подобро…Јас сум селанец и ти давам пример: Посадив пченично поле – земјата е моја, семето е мое, сам ја обработувам, сам ја наводнувам, сите трошоци ги плаќам од џеб и кога е жетвата, ја продавам на воденицата кај цена од 10 денари за кг… а потоа одам и купувам брашно на пазар по цена од 30 денари за кг.Со парите што ја продадов пченицата ги платив трошоците за производство и излегов со нула (премногу труд) и потоа брашното го купив за 30 денари.. што значи дека би сакал воопшто да не засадувам пченица за да имам, отидов и купив брашно директно во мелница, никогаш порано не сум пробал..Што сакам да кажам со ова?Зошто да даваме пари за производство на струја кога ја купуваме истата од ЕВН?Зошто да даваме пари од буџетот на ЕЛЕМ и МЕПСО кога државата може со тие пари да субвенционира сметки за струја за семејства без месечни примања.П.С. Јас сум лаик на теренот, можеби грешам… само кажувам, вели Дураку.

Коментари | пред 3 години

EVNzgrada

ЕВН ќе работи на терен во Арачиново, а полицијата ќе постапува за кражби на струја

Министерот Крешник Бектеши вели оти е точно дека има загуби на електрична енергија во Општина Арачиново, меѓутоа, како што посочи, загуба има и во Куманово, Тетово, Гостивар, Кичево, Скопје, а најави дека кај сите овие општини и останатите ќе се постапува согласно законПовика сите да ги почитуваат законите и да нема штета на снабдувањето со електрична енергија.„Да, точно е дека има загуби на енергија, но не се само во Арачиново, и да се земе дека во Арачиново се краде електрична енергија. Во секоја општина, па и во секое семејство има некои кои не ги почитуваат регулативите. Од понеделник екипите на ЕВН ќе дојдат, ќе работат на терен и ќе наплаќа“, рече Бектеши.16.2 отсто има загуби на струја во Куманово, 12.1 отсто во Кичево, но и во Скопје и други општини. Бектеши вели дека загубите на електрична енергија се на товар на сите граѓани.Тој рече дека полицијата ќе постапува во сите општини каде има загуби на енергија. Државата ќе прогласи енергетска криза.

Македонија | пред 3 години

a178718e-6634-4a98-afe4-a340983a81c0

Коментар на денот: „Иначе ни вода не плаќаат Арачиново, Сарај, Грчец, болно ама вистинито“

Кристијан Јандриоски на Фејсбук објави статус во кој вели дека Арачиново, Сарај, Грчец не плаќаат ни вода.„Иначе ни вода не плаќаат Арачиново, Сарај, Грчец и други прогресивни и европски зони.Ама за тоа не смееме да галамиме пошо Водовод е државна, а не приватна компанија, па така да може да страда евентуална идна коалиција со ДУИ.Никој не е крив за овај башибозук во државава освен Македонските партии. И така ќе е се додека не дојде лидер со муда што ќе им исече крилата и курчот на европјаниве од западнава страна на државава.Засега тешко тоа за лидер со муда, а додека не се најде тие ќе продолжат да си тераат по свое, а вие ќе си пиете диазепами и ќе се чудите како да се врзе крај со крај.И така...болно ама вистинито.....“, стои во објавата.

Коментари | пред 3 години

struja

Најдено е решение за снабдувањето со струја во Арачиново

Министерот за економија Крешник Бектеши информира дека во координација со градоначалникот на општината Арачиново и раководството на ЕВН, е најдено е привремено решение за прашањето за снабдување со електрична енергија на жителите на оваа општина.-Ова решение е привремено, но, со надеж дека ќе биде долгорочно доколку сите страни го почитуваат договорот и законите во државата. Да вложиме максимални напори да заштедиме струја, да го заштитиме семејниот буџет и да не ја влошиме состојбата со енергетската криза, напиша министерот Бектеши на својот фејсбук-профил.

Македонија | пред 3 години

20220824123333

(ВИДЕО) Арачиновци бараат струја, протест има пред ЕВН

Пред канцелариите на ЕВН во Скопје протестираат жителите на Арачиново кои веќе два дена се без струја. Граѓаните бараат средба со надлежните од компанијата ЕВН. На протестот е и градоначалникот на општина Арачиново, Ридван Ибрахими.Околу 80 отсто од домаќинствата во Арачиново од пред два дена немаат струја. Од ЕВН Хоме за ТВ21 потврдуваат дека во понеделник наутро во општината дошло до голем дефект како последица на големото преоптоварување на трафостаниците поради континуираното незаконско користење на струјата од страна на жителите.„Во Арачиново нашите екипи често се соочуваат со вербални и физички напади од страна на жителите, што го оневозможува извршувањето на работата во целина. За да се работи мора да се создадат услови за нормално функционирање и работа, како за дефекти, така и за реконструкција и модернизација на мрежата. Се додека нема нормални услови за работа и има пречка во извршувањето на работата, нема да има можност за реставрирање“, велат од ЕВН.

Скопје | пред 3 години

struja

Во Скопје се краде струја на големо, мапирано каде најмногу

Само за една година, според некои пресметки на луѓето вработени во ЕВН кои секојдневно се на терен, околу 50 милиони евра е вредноста на украдената струја само од Скопскиот регион. Вработен во ЕВН, кој разбирливо сакаше да остане анонимен, вели дека само во Општина Арачиново за една година се краде или не се плаќа струја во вредност од 6 милиони евра. Власта, и локалната и централната, ги има овие податоци, но молчи, пишува МКД.МКСпоред неофицијалните податоци на вработен во ЕВН, во февруари годинава загубите на електрична енергија само во Арачиново изнесуваат околу 80%. Трафостаниците 10, 3, 8 и 9 со соодветните броила бележат загуби од 70% поради кражба на струја, трафостаниците со броеви 5, 4, 2, 13 и 11 со соодветните броила бележат загуба од над 80% поради кражба на струја, трафостаницата број 12 со број 381392 е со рекордна загуба од 96% поради кражба на струја. Сите се на територијата на Општина Арачиново. Ова се делови од официјалните извештаи на ЕВН за оваа општина.Или во февруари годинава во овој регион биле украдени вкупно 2.800 мегаватчасови. Тоа значи дека на годишно ниво загубата е повеќе од 20 илјади мегаватчасови. Просечната цена на берзата на струја за еден мегаватчас е 300 евра. Ова значи дека само од регионот на Арачиново вредноста на украдената струја е 6 милиони евра за една година. Колку години со ред е вака?Целиот текст можете да го прочитате тука

Скопје | пред 3 години

Screenshot-2022-06-23-at-16.47.08

ФОТО: Арачиново на протест оти им ја исклучиле струјата поради диви приклучоци, Бачев: Па и во право се

Жителите на Арачиново го блокираа патот Скопје - Куманово кој поминува низ Арачиново оти Електростопанство им ја исклучило струјата, затоа не плаќале и имало многу диви приклучоци. Лидерот на Единствена Македонија, Јанко Бачев пишува и дека биле натепани вработени на Електродистрибуција.„И Арачиновци со блокада тргнале во борба за човекови права оти сметаат дека едно од основните човекови права е да не се плаќа струја. Па, и во право се, зошто во Арачиново да плаќаат струја, вода, даноци... кога ние плаќаме за нив? И сега кој е овде организирана држава? Арачиново, или марионетската влада на СДСМ и ДУИ!“, пишиува Бачев.

Скопје | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања