Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Фуркан Салиу: Национализам, двојни стандарди, политика, поделби, новинарство
„Претрес“ на Фуркан Салиу: Национализам, двојни стандарди, политика, поделби, новинарство

АРКТИКОТ

media-librarylll0puuioffl0abTAOw

Нордиската коалиција ја повикува ЕУ да забрани бушење на нафта на Арктикот

Нордиска коалиција составена од финансиски институции, синдикати и климатолози испрати остро предупредување до Европската комисија, барајќи Европската унија да не се откажува од забраната за нови бушења на нафта и гас на Арктикот.Во отворено писмо испратено до петмина европски комесари, коалицијата изразува загриженост дека Брисел би можел да го ублажи противењето кон новите проекти за експлоатација на фосилни горива додека ја ревидира арктичката стратегија на ЕУ.Европската унија од 2021 година поддржува глобална забрана за нови бушења на Арктикот од еколошки причини, но тековната ревизија на политиката предизвика реакции кај противниците на таквите проекти.Во писмото се предупредува дека зголемените геополитички тензии создаваат дополнителни безбедносни ризици во Баренцовото Море, каде што нафтената и гасната инфраструктура може да стане цел на хибридни напади и саботажи поради близината до Русија.„Доколку снабдувањето со нафта и гас од норвешкиот Арктик стане клучно за европската енергетска безбедност, таа инфраструктура ќе биде уште попривлечна цел за саботажи“, се наведува во писмото потпишано од 127 потписници, меѓу кои и поранешниот германски вицеканцелар Роберт Хабек и поранешната данска министерка за клима Кони Хедегард.Потписниците предупредуваат и на сериозни еколошки последици, наведувајќи дека Арктикот се загрева четири пати побрзо од светскиот просек и дека проширувањето на бушењата носи ризик од излевање на нафта и трајно уништување на чувствителните екосистеми.Коалицијата ја оспорува и економската исплатливост на проектите, посочувајќи дека развојот на нови наоѓалишта на норвешкиот континентален појас трае околу 13 години, што значи дека тие би почнале со полн капацитет дури околу 2040 година.Наместо нови инвестиции во фосилни горива, потписниците бараат Европската комисија да ги засили вложувањата во обновливи извори на енергија, електрификација и енергетска ефикасност.Од норвешката енергетска компанија „Еквинор“ порачаа дека се против целосен мораториум за истражување на нафта и гас на северот, оценувајќи дека регионот е важен за европската енергетска безбедност.Од Европската комисија потврдија дека арктичката стратегија од 2021 година се ревидира, но нагласија дека процесот сè уште е во рана фаза и дека засега не се донесени конечни одлуки.

Свет | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања