(Видео) Сообраќајка во Автокоманда: се судрија автомобил и доставувач со мотоцикл
Сообраќајна незгода вечерва се случи во скопската населба Автокоманда, на крстосницата меѓу булеварот „Александар Македонски“ и улицата „16-та Македонска бригада“.Во незгодата учествувале патничко возило и мотоцикл на доставувач на храна.На местото на настанот има полициски екипи кои вршат увид и ги утврдуваат околностите под кои дошло до судирот.Засега нема информации дали во незгодата има повредени лица. Се очекуваат повеќе детали од Министерството за внатрешни работи.
Скопје | пред 47 минути