АВТОМОБИЛ

Volt-battery

Промена на батериите на автомобил стар 10 години - 30.000 евра

Не е новост дека електричните и хибридните батерии за автомобили се навистина скапа компонента. Сепак, навистина е тешко да се поверува во огромните трошоци за поправка на генерички автомобил со неколкугодишна употреба.Сметката од Роџер Дин Шевролет од Флорида стана вирална на социјалните мрежи поради високата цена што продавницата имала намера да му наплати на купувачот за да ја замени мртвата батерија на неговиот Шевролет Волт Хибрид.Имено, сметката далеку ја надминува моменталната вредност на возилото на пазарот на половни автомобили, пишува Јутарњи.хр.Поточно, се работи за батерија за Volt Hybrid од 2012 година со поминати нешто повеќе од 113.000 километри. Сервисот бара 27.000 евра за нова батерија, 1.202 евра за работа и уште 34 евра за течноста за ладење. Тоа се вкупно 29.905 евра.Најлудото нешто во оваа приказна е тоа што се работи за Шевролет Волт од 2012 година со повеќе од 100.000 километри што се проценува на околу 9.000 евра во САД. Тоа значи дека трошоците за замена на батеријата тројно ја зголемуваат пазарната вредност на возилото. За среќа, тоа е само прелиминарна фактура, а клиентот не се одлучил за услугата.Вработениот во сервисот објасни дека „оваа проценка е за возило старо 12 години без гаранција и за батерија што е исклучително тешко да се добие поради постара технологија“, и дека „деловите се набавуваат од добавувачи надвор од Шевролет“. Вработениот ја споредува батеријата со првите телевизори со рамен екран, кои биле екстремно скапи, а со текот на времето поевтиниле.

Магазин | пред 3 години

IMG-ea14793a38820f6b2d9af58e04c7edab-V-960x742-1

Запален авотмобил на командир од Идризово

Утрово на паркингот пред затворот во Идризово е запалено возилото на командир вработен во затворот.Според изворот на Аваз.мк, возилото било паркирано на паркингот кој се наоѓа пред затворот додека командирот бил на работа.Случајот е пријавен во полиција.Екипите на МВР се на местото на настанот, се врши увид. Фото: Аваз.мк

Скопје | пред 3 години

steta-avtomobil

Оштетил околу 260 скапи автомобили оти бил љубоморен

Маж е уапсен во југозападниот германски град Карлсруе, откако полицијата соопштила дека тој признал дека за неколку дена изгребал или на друг начин оштетил околу 260 автомобили.Висината на штетата на возилата е повеќе од 500.000 евра.28-годишникот минатата недела ѝ се предал на полицијата и признал дека ја направил штетата. Тој објаснил дека бил љубоморен на сопствениците на автомобили и дека има „лични проблеми“, се вели во соопштението на полицијата.Штетата била главно на скапи автомобили кои биле паркирани во центарот на Карлсруе - седиштето на највисокиот кривичен и уставен суд во Германија.Осомничениот претходно бил кривично регистриран и пуштен од затвор во јули 2021 година, соопштила полицијата.

Магазин | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања