(Видео) Азов уништи руска логистика кај Мариупол
Припадници на украинскиот корпус „Азов“ извршиле напади врз цели во близина на окупираниот Мариупол и руската граница, објавувајќи снимки од акциите.Според украински извори, нападите биле насочени кон патните правци Мариупол–Таганрог и Мариупол–Волноваха, а се пријавува и недостиг на дизел гориво во регионот поради засилените украински удари врз руската логистика.Од „Азов“ соопштија дека украинската територија мора да биде ослободена од руските сили и дека целта е поместување на руската воена логистика подалеку од окупираните територии и Крим.Во меѓувреме, Украина и Русија постигнаа договор за техничките услови за евакуација на околу 6.000 цивили од окупираниот град Олешки и околните населени места во Херсонската област.Украинскиот омбудсман Дмитро Лубинец изјавил дека сега се чека Русија да одреди датум за прекин на огнот и почеток на евакуацијата.Истовремено, Киев соопшти дека во изминатата седмица биле вратени осум деца од територии под руска окупација.Украинските власти тврдат дека децата биле изложени на притисоци, закани и обиди за „преобразување“, а дел од нив биле принудувани да слушаат руска химна и да собираат донации за руската армија.Русија и Украина продолжуваат меѓусебно да се обвинуваат за напади врз цивилни цели, додека независна потврда на тврдењата останува отежната поради војната.
Свет | пред 1 час