Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

бебе

eZy-Watermark_01-10-2023_05-26-29-3350PM

Исчезна 15-годишна девојка со своето новороденче – МВР трага по мајката и бебето

На 2 август 2025 година, во Полициската станица Карпош, Р.Л. (42) од Скопје пријавил дека неговата 15-годишна ќерка, Е.Л., утрото околу 07:00 часот се оддалечила од семејниот дом во непознат правец, носејќи го со себе и своето новороденче.Од Министерството за внатрешни работи информираат дека веднаш се преземени мерки за пронаоѓање на малолетната мајка и детето.

Скопје | пред 5 месеци

detska-klinika

Починало бебе, мртво е донесено на Клиника

Едноиполмесечно бебе е донесено без знаци на живот на Клиниката за детски болести во Скопје. Според информациите, бебето било донесено без знаци на живот во раните утрински часови на 29 јули, а дежурен лекар ја констатирал смртта. Настанот бил пријавен во полиција, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатото бебе е предадено на обдукција за да се утврдат причините за смртта.-На 29.07.2025 во 07.30 часот во СВР Скопје, од Детска клиника Скопје било пријавено дека кај нив во 06.40 часот било донесено едноиполмесечно машко бебе од Скопје без знаци на живот. Лекар констатирал смрт, а по насоки на јавен обвинител телото на бебето било предадено на обдукција, информираат од МВР.

Скопје | пред 5 месеци

bebinja

Трагедија: Починаа две новороденчиња близначиња

Две новороденчиња, близначиња од 20 дена, го загубија животот под трагични околности.Како што информира јавниот обвинител Стевчо Биноски, семејството кое живее во многу лоши услови во селото Славеј, вчера околу пладне повикало Итна медицинска помош. Екипата на Итната помош, пристигнувајќи на местото, констатирала смрт кај едното бебе, а второто било пренесено во прилепската болница во критична состојба, каде што подоцна починало.„Семејството во селото Славеј повикало итна помош. Близначињата биле во тешка здравствена состојба. Екипата на итната помош штом пристигнала констатирала смрт кај едното бебе, а другото било префрлено во прилепската болница во тешка состојба каде починало. Семејството живее во екстремно лоши услови и има уште три деца. Наредив обдукција за да се утврди причината за смртта на новороденчињата. Известени се надлежните, меѓу кои од Центарот за социјални работи од Прилеп”, вели Биноски.Денеска во 12 часот закажана е прес конференција во Центарот за Социјални работи.

Македонија | пред 1 година

655-402-bebe

Поради задоцнето породување починало новороденче, обвинение за двајца битолски гинеколози

По спроведена претходна постапка, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Битола поднесе Обвинителен предлог против две лица за кривично дело – Тешки дела против здравјето на луѓето од член 217 став 4 во врска со член 207 став 1 и 3 од Кривичниот законик.Обвинетите, како лекари – специјалисти по гинекологија и акушерство вработени во ЈЗУ Клиничка болница „Д-р Трифун Пановски“ – Битола, несовесно постапувале при укажување лекарска помош – породување на пациентка – родилка од с. Смилево – Општина Демир Хисар, поради што настапила смрт на новороденчето.Родилката била примена за породување на 12.10.2019 година околу 17:00 часот во Одделот за гинекологија и акушерство при Клиничка болница Битола, каде дежурни лекари биле обвинетите. Тие не ја следеле и навремено не ги регистрирале промените во здравствената состојба кај родилката. Иако сите промени во здравствената состојба на родилката претставувале апсолутен показател дека здравјето и животот на плодот е во опасност заради недоволен доток на кислород, што пак претставува индикација за итен царски рез, обвинетите лекари не ја презеле оваа интервенција благовремено. Поради продолженото породување и доцнењето од најмалку пет часа од појавата на индикациите за итен царски рез, интензитетот на страдањето кај плодот се зголемувал. Интервенцијата кај родилката била извршена околу 06:30 часот на 13.10.2019 година, при што се родил плод – женско дете со родилна тежина од 3.550 грама и должина од 48 сантиметри во многу лоша состојба, кое починало за кратко време по породувањето заради кислородното страдање во утробата.​

Македонија | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања