БЕКТЕШИ

09032022_PVRSM_ZPVRSM_ME_MF_MZSV_Press_2

Бектеши со порака до Милошоски: За личност каква што си ти, воопшто не би требало да има место на политичката сцена

Министерот за економија, Крешник Бектеши, по денешниот инцидент во Собранието и физичката пресметка помеѓу претседателот на Комисијата за европски прашања Арбр Адеми и пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и АА, на Фејсбук напиша дека пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски нема придонесено ништо за државата, освен поделба и национализам и по тоа ќе биде запаметен.„’Политичар’ каков што е Антониjо Милошoски, кој ништо, ама баш ништо нема придонесено за оваа држава, освен поделби, национализам и омраза, ниту пак ѝ дал на Македонија нешто вредно што треба да се памети, единствено по што ќе остане запаметен во времето е кога за него Албанците не требаше да имаат образование, уште помалку високо образование. Антонијо, твоето време одамна помина, за личност каква што си ти во држава која е членка на НАТО воопшто не би требало да има место на политичката сцена“, напиша Бектеши.

Македонија | пред 3 години

244497752_222960099809695_4013329667676755550_n

Јавно ќе ги објавиме имињата на компаниите кои имаат многу високи цени, ама прво да донесеме закон за тоа, вели Бектеши

По еноромното поскапување на цените од страна на трговците на почетокот на месецов, членови на Владата се заканија дека имињата на компаниите ќе бидат јавно објавувани поради неетичко работење и големи профитни маржи.Сега министерот за економија Крешник Бектеши вели дека за тоа прво ќе треба да се донесе нов закон. Бектеши најави дека на следната владина седница ќе се усвои Предлог закон за заштита на потрошувачите со кој казните нема да бидат само парични а глобите ќе бидат повисоки. Додаде дека тоа е во согласност со европската регулатива.- Има компании кои заработуваат и по 80 отсто на одредени производи и им се исплатува да платат казна и да продолжат со истата нечесна практика. Сега веќе, со новото решение ќе се соочат и со друг тип на казни, ќе има затворање на компании, јавно ќе ги обравиме компаниите, а ќе има и забрана за вршење дејност, рече министерот во емисијата „Утрински брифинг“.

Македонија | пред 3 години

08042020_Bekteshi_Pres_2

Бектеши ја повика Данела на дебата

Граѓаните нема да ги оставиме на цедило поради неспособноста на Градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска како што беа оставени изминатата зима од нејзе, вели министерот за економија Крешник Бектеши.„За да им биде на сите појасно каква е состојбата со системот за снабдување со топлинска енергија и да се увиди кој е во право во целата ситуација ја повикувам госпоѓа Арсовска на соочување во телевизиска дебата, во кој медиум таа ќе одлучи“, вели Бектеши.

Македонија | пред 3 години

285868552_573147761103826_6145155598418996298_n

Арсовска децидна дека нема да му ги решава проблемите на Бектеши

Навистина е жално што Бектеши чека од Град Скопје да му ги реши проблемите, вели градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска.„Додека најголемиот дел од европските земји се подготвуваа за справување со енергетската криза и уште пред една година носеа одлуки и мерки за да ги заштитат своите граѓани од несаканите последици, кај нас мерките доцнеа најмалку шест месеци и не беа доволни да ги санираат штетите кои настанаа од немањето на стратегија за решавање на енергетската криза.БЕГ е проблем на Владата. Министерот Бектеши треба да си ги знае сопствените надлежности и да ги реши проблемите на граѓаните. Да потсетам министерот кој се сликаше со дониран зејтин кој не можеше сам да го обезбеди, нема право да зборува за туѓа способност.Градот Скопје нема законска обврска да му ги решава проблемите на Бектеши. И наместо да си бара „жртви“ за сопствената неспособност, да најде начин како да им излезе во пресрет на граѓаните кои живеат на раб на сиромаштија заради неговите „успешни“ економски политики.Ако треба да бидам и министер за економија, Бектеши нека си поднесе оставка“, додава таа.

Скопје | пред 3 години

09032022_PVRSM_ZPVRSM_ME_MF_MZSV_Press_2

Бектеши: Данела и ВМРО-ДПМНЕ пред шест месеци први излегоа со „решение” за парното греење, а сега бегаат од одговорност

Пред неколку месеци, поточно пред шест месеци, имавме голема криза заради цената на гасот која енормно растеше на светски берзи и имаше опасност Скопјани да останат без парно греење, вели министерот за економија Крешник Бектеши.„Додека Владата се обидуваше да го најде најдобриот можен начин да се реши проблемот со снабдувањето со топлинска енергија и за тоа најмала штета да имаат граѓаните, Градот Скопје и градоначалникчката Данела Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ веднаш излегоа и кажаа дека тие имаат “решение” како да го решат проблемот со непречено снабдување со топлинска енергија.Успеавме да ја изменаџираме кризата за краток рок, и тоа успешно. Не само што немаше прекин на испораката на парно греење за Скопјани, туку немаше ни зголемување на цената, односно на сметките за парно за граѓаните.Но, што се случува сега. Во услови кога треба долготрајно решение за менаџирање со парното греење во Градот, а имаме време до средината на октомври кога почнува новата грејна сезона да најдеме решение градоначалничката на Град Скопје Арсовска заеедно со ВМРО-ДПМНЕ и Алијанса, кои пред шест месеци први излегоа со “решение”за парното греење, сега бегаат од одговорноста која како локална власт ја имаат со закон. Згора на тоа и признаваат дека немаат ниту капацитет, ниту воља да се справат со оваа ситуација.Сакаме да ги увериме Скопјани и покрај неодговорноста на градоначалничката, Скопјани и сите граѓани да бидат спокојни бидејќи навремено ги превземаме сите неопходни мерки кои обезбедуваат непречено и континуирано снабдување со парно греење, како и со електрична енергија во услови на светска економска криза“, додава тој.

Скопје | пред 3 години

cernobil

Домаќинствата кои произведуваат струја од 1 јули ќе може да ја продаваат

Денес имав прилика да го потпишам новиот правилник за обновливи извори на енергија, со кој крајно во нашата држава ќе се овозможи на сите граѓани и компании да произведуваат електрична енергија на нивните покриви, а воедно и да ја продаваат на откупувачот или пак на дитрибутерот на електрична енергија, вели министерот за економија, Бектеши.„Со последните измени ќе биде обврска на универзалниот снабдувач за сите тие кои ќе одлучат да стават такви инсталации, да ја преземе вишокот на електрична неергија со тоа што ќе може да се направат дополнителни фактури на секои шест месеци, со што ќе може да им се намалат сметките или согласно договорот да им се плаќа на домаќинствата или правните субјекти. До овој момент инсталираната сила била 4 киловати за домаќинста, ја зголемуваме на 6 киловати, 20 било за малите потрошувачи сега ја зголемуваме на 40 киловати. Министерство за економија ќе почне и со мерка со која што до 30% од трошоците за инасталирање за вакви технологии на крововите на домаќинствата, ќе ги покрива министерството за економија до 1000 евра“, додаде тој.Секое домаќинство од 1 јули ќе може да почне со вакви инвестиции, изјави министерот Бектеши.

Македонија | пред 3 години

bektesi

Ако се покаже дека има манипулации од одредени трговци и не ги вратат цените, тогаш државата ќе интервенира, вели Бектеши

Министерот за економија Крешник Бектеши говорејќи во емисијата 24 анализа, рече дека доколку се покаже дека има манипулации од одредени трговци и самите не ги вратат цените согласно некоја нормална маржа на добивка, тогаш, нагласи тој, државата ќе интервенира за тие да не бидат на грбот на граѓаните.Тој вели дека официјално ги добил сите податоци од Царинската управа, Државниот пазарен инспекторат и утре ќе одржи координативен состанок.– Ќе ги разгледаме сите податоци. Во четврток ќе имаме состаноци со Стопанските комори и секторски со трговците на големо и со трговци на мало, и со производители на основни прехранбени производи и кон крајот на неделата ќе одлучиме согласно сите податоци, изјави Бектеши.Влијание, Бектеши рече, дека државата има само за домашните производи, за кои се следат и влезните цени на суровините и производствените цени, додека за увозните производи не може да се влијае, освен во делот на давачките, каде државата целосно се откажа од тие придонеси.– Чекаме да се усвои ребалансот на Буџетот, каде се предвидени средства за креирање на нови мерки, се со цел да го ублажиме притисокот и да им излеземе во пресрет на граѓаните, посебно на тие категории, кои имаат најголема потреба, изјави Бектеши.

Македонија | пред 3 години

21102020_ME-Bekteshi_pres-konferencija_1

Бектеши кој се нервира кога ќе го кажат „македонски министер“ бара да не се оживее национализмот

Министерот за економија, Крешник Бектеши, вечерва во гостување на ТВ21 му одговори на Христијан Мицкоски, откако лидерот на ВМРО-ДПМНЕ го нападна во врска со спорните изјави во Тирана.Бектеши пред неколку дена во Тирана, откако албанска новинарка му се обрати со „македонски министер“, реагираше поправајќи ја дека тој не е македонски, туку Албанец кој ја претставува Северна Македонија.Мицкоски на ова реагираше оценувајќи дека е „непријателски акт кога министер се срами да каже дека е „македонски““.Бектеши вечерва, во одговор на Мицкоски рече дека му е чест што е министер на Република Северна Македонија, но и одговорност затоа што ги застапуваа сите граѓани во државата и сите етникуми.– Што се однесува до мојата изјава, јас се произнесов дека по националност сум Албанец и ова е реалност, исто како што е реалност дека над 600.000 илјади Албанци живеат во Северна Македонија. Колку што Северна Македонија му припаѓа на господинот Мицкоски, толку ми припаѓа и мене. Колку што се грижам јас толку треба и тој да се грижи. Не треба да го оживееме национализмот, да не го поларизираме општеството со вакви теми затоа што имаме позначајни работи. Главниот фокус за нас како Влада, но и за нив како опозиција, треба да биде подобрување на животниот стандард на граѓаните, изјави Бектеши.Инаку, на неодамна одржаниот попис на населението во земјава, како Албанци се изјаснија 24,3 отсто од граѓаните, односно 446.321 граѓанин, од вкупното население (1.836.713).

Македонија | пред 3 години

51826955070_dba3d1dfd6_c

(ВИДЕО) Бектеши се налути бидејќи му рекоа дека е македонски министер

Министерот за економија, Крешник Бектеши, не му се допадна тоа што го нарекоа „македонски министер“, и веднаш реагираше. На конференцијата за односи меѓу министерката за финансии и економија на Албанија, Делина Ибрахимај, новинарите не се двоумеле да го прашаат министерот Бектеши за прашањето за легализација на медицинскиот канабис. Но, не беше среќен кога новинарка му се обрати со „македонски министер“.Новинар: Имав прашање до македонскиот министер за флота, (зборува за легализација на медицинскиот канабис).Бектеши: Извинете, јас сум министер за Северна Македонија, не сум Македонец, јас сум Албанец.Ова остави впечаток дека Бектеши не е среќен кога ќе му речат македонски министер, иако тоа е, бидејќи е назначен од македонската Влада и работи за македонската Влада односно македонскиот народ. Се чини дека министерот не знае што е нација, што е етничко потекло, а што народ.

Македонија | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања