Охриѓанец приведен во Струга, кај него пронајдена бела прашкаста материја
Четириесетгодишен охриѓанец бил лишен од слобода во Струга, откако полицијата при преглед пронашла пакување со бела прашкаста материја.Од СВР Охрид информираат дека на 13 ноември 2026 година, во 22:05 часот, на улицата „Мислешевски пат“ во Струга, полициски службеници од криминалистичката полиција при ОВР Струга го лишиле од слобода Д.Г. (40) од Охрид.При контрола и преглед на паркиран автомобил „цитроен“, во кој се наоѓал, кај него било пронајдено и одземено пакување со бела прашкаста материја.
Македонија | пред 28 минути