„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Бехтел ЕНКА

540681964_1190004969833007_8869005780719172655_n

Американската амбасадорка Агелер го посети градилиштето на Kоридорот 8: „Новите автопати ќе ја зајакнат трговијата и интеграцијата“

Американската амбасада во Македонија соопшти дека амбасадорката Ангела Агелер го посетила градилиштето на делницата Тетово–Гостивар од Kоридорот 8, за да се запознае одблиску со работите што ги изведува компанијата „Бехтел-Енка“ на Kоридорите 8 и 10.Во објавата се истакнува дека новите автопатски правци не се важни само за граѓаните на Македонија, туку претставуваат и стратешки транспортни мрежи на НАТО, со кои ќе се зајакне регионалната трговија и поврзаност.

Македонија | пред 3 месеци

Screenshot-2025-01-29-at-13.54.12

Тимови и механизација на Бехтел ЕНКА го гаснеа пожар на депонијата во Прилеп со комуналното претпријатие

Јавното претпријатие „Комуналец“ од Прилеп со помош на механизацијата од „Бехтел ЕНКА“ успешно го изгаснаа пожарот на територија на општинската депонија која гореше на почетокот од неделава.Тимовите на Бехтел ЕНКА за земјени работи во Делница 4 мобилизираа натоварувачи, багери, дозери и оператори за работа и достава на ископаниот почвен материјал како поддршка на тековните мерки кои се извршуваат под надзор на раководството на Јавното комунално претпријатие.Со достава на почвен материјал од ископните работи на трасата меѓу Прилеп и Битола, Бехтел ЕНКА помага во гаснењето на пожарот на начин кој што спречува прекумерно искористување на водните ресурси на тој простор.Во колективен напор, тимот на Бехтел ЕНКА направи и поширок пат за да го направи срцето на пожарот попристапно за прилепската противпожарна бригада и истата да може да работи соодветно во справувањето со овој пожар.„Бехтел ЕНКА е и останува посветен на здравјето и безбедноста на заедниците, кои се вградени во вредностите на компанијата за култура на грижа, грижата за луѓето и заедниците каде што работиме како што и докажуваме преку нашите акции за поддршка на превенцијата и сузбивањето на пожари“, велат од компанијата.

Македонија | пред 10 месеци

WhatsApp-Image-2025-01-16-at-16.11.54_c51889f5

(Видео) Бехтел ЕНКА: Одгворивме на молбата на Македонија пат со чистење на снег на патот кој води кон Маврово

На 16 јануари 2025 година, Бехтел ЕНКА позитивно одговори на молбата на Македонија пат да помогне во расчистувањето на патот од натрупаниот снег околу Мавровското езеро.Тимовите за опрема и земјени работи на Бехтел ЕНКА ги мобилизираа грејдерите и операторите да ги расчистат патиштата кај Мавровското езеро како поддршка на жителите, бизнисите, туристите и скијачите, со што им овозможија на жителите и бизнисите од оваа област безбеден пристап до ова туристичко место а и да работат на побезбеден начин.Екипата на Бехтел ЕНКА го расчисти снегот и повторно го направи патот возен околу Мавровското езеро долг 20 километри, спречувајќи понатамошно блокирање на патиштата и овозможувајќи им на сите да си ги вршат секојдневните активности и работи.https://youtube.com/shorts/Ik28xhfA7J8Посветеноста на Бехтел ЕНКА за безбедноста на заедниците долж трасата е вградена во визијата и вредностите на Културата на грижата кои се столбот на нашиот тим, грижата за луѓето и заедниците каде што работиме.

Македонија | пред 11 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања