Продолжува прекинот на летови: Ситуацијата на Блискиот Исток останува нестабилна
Низа европски авиокомпании одлучија да го продолжат прекинот на летовите кон Блискиот Исток, вклучувајќи дестинации како Израел, Обединетите Арапски Емирати и Бахреин.Британската компанија „Бритиш ервејс“ соопшти дека ги продолжува ограничувањата на летовите кон овој регион поради нестабилност и несигурност во воздушниот простор. Летовите за Аман, Бахреин, Дубаи и Тел Авив ќе бидат откажани до 31 мај, додека летовите за Доха ќе бидат прекинати до 30 април, а потоа ќе се извршуваат по ограничен распоред. Рутата за Абу Даби ќе биде обновена на 25 октомври, како што беше предвидено. Летовите кон саудиските градови Ријад и Џеда и понатаму се извршуваат редовно.Францускиот авиопревозник „Ер Франс“ објави дека е принуден да го продолжи прекинот на летовите поради безбедносната ситуација на одредени дестинации и затворањето на делови од воздушниот простор. Летовите кон и од Дубаи и Ријад ќе бидат стопирани до 20 март, додека летовите за Тел Авив и Бејрут се откажани до 21 март.Немачката компанија „Луфтханза“ информира дека летовите за Тел Авив се прекинати до 9 април, а летовите за Ријад до 5 април. Одлуката е донесена поради значителни ограничувања во воздушниот сообраќај во регионот, додека летовите на компанијата „ИТА ервејс“ ќе продолжат според редовниот распоред.
Свет | пред 2 дена