ЦЕЦА

aca-ceca

Цеца ги избриша дуетите со Аца Лукас

Пејачот Аца Лукас речиси започна војна со најголемата српска ѕвезда Светлана Цеца Ражнатовиќ откако од неа барал една работа која ќе го смени нивниот пријателски однос засекогаш.Имено пејачот побарал од Цеца да ги тргне од нејзиниот Јутјуб канал сите дуети кои ги имаат заедно, а поради оваа одлука сега нивното пријателство е на голем тест.-Менаџерот на Лукас испратил допис сите дуети кои ги имаат заедно да се тргнат од Јутјуб каналот на пејачката, објаснувајќи дека не е фер само Цеца да заработува пари од дуетите кои ги имаат заедно. Цеца веднаш по ова реши да ги избрише двата големи хитови „Црни снег“ и „Не заносим се ја“, открива извор близок до пејачката.Тој додава дека Лукас не е фер, бидејќи тие се дружат повеќе од 20 години, а особено и е криво што наместо пејачот кој цело време молчел, дописот го испратил неговиот менаџер.По ова се огласи и пејачот кој вели дека неговиот менаџер побарал од сите кои имаат дуети со пејачот да бидат избришани од каналот, но и дека тоа не се однесувало за Цеца.-Вистина е дека се избришани песните со Цеца, но тоа е бидејќи менаџерот испратил допис до сите, но јас ќе се обидам да ги вратам заедничките наши песни, бидејќи Цеца е нешто посебно, вели Лукас.Тој додава дека песните со Ивана Салаков се исто така избришани, бидејќи заработката ја земала само таа без да ја поделат сумата од заедничките дуети.

Магазин | пред 3 години

41744_ceca-i-anastasija-raznatovic-milos-nadazdin_f

Цеца на Светско ќе го бодри новиот дечко на Анастасија

Цеца Ражнатовиќ во ноември оди во Катар за да му даде поддршка на дечкото на Анастасија, Немања Гудељ кој ќе игра на Светското првенство, пишуваат српските медиуми.Тие наводно планираат патување на Мудијалот, а Анастасија веќе барала авионски билети и хотел, изјавил близок извор на пејачката за српските медиуми.Анастасија Ражњатовиќ иако јавно нема потврдено, медиумите пишуваат дека таа е во љубовна врска со српскиот фудбалер Немања Гудељ, кој игра за Севиља.

Магазин | пред 3 години

41744_ceca-i-anastasija-raznatovic-milos-nadazdin_f

Цеца и Анастасија закажаа концерт во Македонија

Фолк-ѕвездата Цеца Ражнатовиќ и нејзината ќерка Анастасија на 11 јуни ќе одржат прв заеднички концерт, а ќе пеат во Аквапаркот во Пробиштип. Концертот ќе се одржи една година откако Цеца требаше да пее во Пробиштип за да го одбележи јубилејот 10 години од отворањето на Аквапаркот. Со Цеца и Анастасија во Македонија ќе дојдат и Вељко со сопругата Богдана и уште неколку членови на нивното семејство.Од Аквапаркот најавуваат дека веќе ги почнале подготовките за големиот концерт.„Цеца е перфекционист кога станува збор за звукот, сцената. Ќе ја донесеме најмодерната техника и веруваме дека ќе имаме концерт налик на оние на светските ѕвезди. Интересот е навистина огромен, очекуваме неколку илјадна публика во Пробиштип, а веќе почнаа да резервираат карти и гости до Србија и Бугарија“, велат организаторите.Влезниците ќе бидат пуштени во продажба во среда, 13 април.

Магазин | пред 3 години

ceca-1-700x453-1

(ФОТО) Цеца во прв ред на концертот на Шерифовиќ

Марија Шерифовиќ подготви уште еден голем концерт за својата публика во Белград, а и овојпат во прв план беа бројни јавни личности.Меѓу првите на ветениот спектакл пристигна Светлана Цеца Ражнатовиќ која се појави во полежерно издание. Фармерки, бела маичка и портокалова кожна јакна одлично и прилегаа на пејачката, која не ја симна насмевката од лицето.Цеца на концертот на Шерифовиќ дошла во придружба на нејзината сестра Лидија Оцокољиќ, која била слично облечена, а над блузата облекла само сако со змиски принт.

Магазин | пред 3 години

Screenshot-2022-02-06-163937

(ФОТО) Цеца каква не сте ја виделе, се појави фотографија од минатото

На социјалните мрежи се појави фотографија од балканската музичка ѕвезда Светлана Цеца Ражнатовиќ на која изгледа неверојатно.Фотографијата која се појави на страницата која објавува стари фотографии од естрадни личности воодушеви многумина.Имено, на неа е Цеца Ражнатовиќ на која позира на мотор.Фотографијата е направена во деведесеттите, а погледите на сите се вперени во стајлингот кој Цеца го има. „Вистинска модна дива“, беше еден од коментарите.

Магазин | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања