„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

цени

uciliste-skolo-3

Ранци, тетратки, фломастери, моливи....сѐ за училиште по намалени цени!

Од денес почнува кампањата на Владата за намалување на цените на училишниот прибор за 10 и 15 проценти.Имајќи предвид дека дел од трговците пред почетокот на новата учебна година енормно ги зголемуваат цените на училишниот прибор, со што директно влијаат за зголемување на трошоците на семејниот буџет на илјадници граѓани, Владата на последната седница донесе одлука и ги задолжи трговците да ги намалат цените за најмалку 10 и 15 проценти, која ќе важи од денес 15 август до 15 септември.Трговците на големо ќе го намалат училишниот материјал за најмалку 10 проценти, додека во трговија на мало за најмалку 15 проценти.Со оваа одлука се намалуваат цените на ранци и ташни, тетратки, блокови, колажи, моливи и пенкала (економични, пластични), дрвени и мрсни боици, пластелин, теста за моделирање, подлоги, фломастери и текст маркери, темперни, акрилни, водени бои и четки, линијари и дидактички материјали, острилки и гуми за бришење, детски ножици, футроли и етуи, лепило, шестар, дигитрони, украсна хартија, папки и картонски ташни и материјали за изработка, како и други производи потребни за учениците, што ќе значи пониски цени и пристапност за сите наши граѓани.Исто така трговците се должни покрај новата намалена цена на производите да ја објават и старата цена која важела на 01.06.2025 година, која цена се зема како базична цена на која се утврдува намалувањето, потоа пред влезот во продажниот објект или на друго истакнато место во продавницата, треба да биде јасно и видливо истакнат плакат со формат од најмалку А3, кој ќе содржи натпис „Помалку трошоци, повеќе за тебе“, кој е објавен на веб страницата на Министерството за економија и труд, како и натпис: ПОПУСТ НА УЧИЛИШЕН ПРИБОР, од најмалку 15%.Апелираме да не се прават обиди за изигрување на одлуката, бидејќи Државната пазарна инспекција ќе следи на терен дали истата се почитува. Во спротивно ќе следуваат санкции, бидејќи секоја одлука донесена во интерес на граѓаните мора да се применува.Со ова не само што цените на училишниот прибор драстично ќе се намалат, туку и според одредени анализи, трошоците на илјадници семејства што имаат ученици би се преполовил на половина.Владата е насочена кон носење на конкретни мерки кои значат подобрување на животниот стандард и економската состојба.

Македонија | пред 4 месеци

durmishi

Вондредна инспекција во маркетите, доколку не се намалат цените на основните прехранбени производи ќе преземеме поригорозни мерки, најави Дурмиши

Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши денеска одржа прес-конференција на која информираше за активностите кои ќе ги преземе Министерството за економија и труд за покачувањето на цените на основните прехранбени производи.„Министерството за економија и труд, и јас како министер уште од почетокот на мандатот кажав дека една од главните цели на кои ќе работам ќе биде подобрување на животниот стандард на граѓаните. И тоа на дело го покажавме на почетокот на есента со носење на мерките за ограничување на маржата прво кај училишниот прибор, а потоа кај дел од основните прехранбени производи“, рече министерот Дурмиши.„Со оваа мерка како што кажав и како што покажаа статистичките податоци успеавме за време на траење на мерката да ги намалиме трошоците на граѓаните и до 3000 денари по основ на двете мерки.Кажавме дека ќе продолжиме во оваа насока со мерки кои ќе значат подобар живот за граѓаните.Пред десет дена заедно со Стопанските комори со трговците, со дистрибутерите и производителите ја објавивме акцијата Новогодишна кошница.Акција која имаше за цел преку општествена одговорност кај компаниите за време на Новогодишните празници да ги намалиме трошоците за живот на граѓаните преку самоиницијативно намалување на цените на дел од производите кои се најпродавани во време на Новогодишните празници.Она што на состаноците го договоривме и добивме уверување од производителите и трговците и дистрибутерите е пред почетокот на акцијата да нема драстично зголемување на цените на овие производи кои ќе ги понудат и да не се зголемуваат драстрично цените на производите кои не се на листата на производи во Новогодишната кошница.Акцијата Новогодишна кошница, како што можевме да видиме во првите денови стартуваше успешно, кај некои производи во кошницата намалувањето на цените беше и над 10% и секојдневно се зголемуваше бројот на производи понудени од компаниите во Новогодишната кошнца. Но, тоа не се случи и кај другите основни прехранбени производи чии цени се драстично зголемени.Владата и јас како министер за економија и труд нема да го толерирам однесувањето на трговците и покачувањето на цените на одредени производи на сметка на намалување на други производи кои ги предложија во Новогодишната кошница. Вчера по завршувањето на седницата на Владата, по задолжението кое што го добивме веднаш одржавме состанок со директорот на Државниот пазарен инспекторат.Како што дадов насока во координација со директорот, инспекторите на Државниот пазарен инспекторат од утрово се во засилени контроли во маркетите и прават анализи како се движеле цените на основните прехранбени производи во изминатите три месеци, осносно колку поскапеле производите кои што не се во Новогодишната кошница.Сакам да апелирам до сите чинители во целиот овој процес, производители, дистрибутери и трговци да ја покажат општествената одговорност за која зборуваа кога на нивeн предлог ја креиравме оваа акција Новогодишна кошница.Апелирам да ги корегираат цените на оние производи кои се најпотребни во овој период на Новогодишните празници и да им излезат во пресрет на граѓаните.Нема да дозволам ниту да толерирам да прават трикови и да ги изигруваат граѓаните за време на празници. Не може тоа што на нив им беше дадено како право и можност за едни производи, сега да го надоместуваат со зголемување драматично на некои други производи кои што ги користат граѓаните како што е маслото, лебот, млекото, млечни производи, шеќер, солна и така натаму и така натаму, јајца и слично.Апелирам до големите трговски ланци да си го преиспитаат однесувањето во спротивно ќе ги искорисам сите механизими кои ги имаме и ќе донесеме одлука со цел да го заштитиме стандардот на граѓаните. Државниот пазарен инспекторат е на терен на воднредна инспекција и врз основа на податоците кои ќе ги добиеме од нив ќе зависи каква одлука ќе биде донесена, дали трговците ќе се корегираат и ќе остане акцијата Новогодишна кошница или ќе бидеме приморани да донесеме одлука за замрзнување на цени или на маржи.Тоа зависи најмногу од нив. Ние сакавме да покажеме добра воља и заеднички да придонесеме за граѓаните да ги поминат Новогодишните празници со помали трошоци, но тоа не е така.Граѓаните гледаат што се случува со цените, они се најголемите инспектори на оваа акција, така што доколку продолжат со ваквото однесување трговците, како што и најавивме ќе донесеме поригорозни мерки како што е замрзнување на маржите или на цените“, изјави министерот Дурмиши.

Македонија | пред 1 година

orce-kiselavoda-2

Мицкоски: Уште од денеска ќе има реакција од страна на институциите, доколку трговците продолжат со неетичко и нечовечно однесување за зголемување на цените на одредени продукти

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа дали ќе има контроли за покачените цени на производите од страна на трговците, изјави:„Ние разговаравме со сите големи супермаркети и со сите сопственици. Беа на настан во Владата, разговаравме, оставивме добра волја, еве да не биде со, би рекол, пристап којшто ќе значи ограничување на цени и така натаму. Којшто тие велеа дека е непопуларна мерка, еве сакавме да слушнеме од нив, на добра волја да се поразговара и да се донесе решение заедничко, коишто ќе биде прифатено и тоа се случи.Тоа што некои од нив се служат со трикови, тоа е друга работа. И за тоа ќе има соодветни процедури. И тие процедури, трае анализата, и тие процедури деновиве ќе бидат аплицирани. Тоа што тие мислеа дека ќе нѐ надмудрат на овој начин и си играат со трпението на граѓаните, но и на Владата, мислам дека не е добро. И мислам дека треба да си го преиспитаат однесувањето.Затоа што ова не е коректно однесување, посебно пред празници. На ваков начин не треба да се прават големи профити, затоа што граѓаните очекуваат од нивна страна разбирање и во најмала мерка да биде така како што било. А не наеднаш да се зголемуваат цените на одредени продукти. На одредени продукти до 20 и 25 проценти се зголемени цените на производите. Тоа е неетичко однесување и би рекол нечовечно однесување.И уште од денеска ќе има реакција од страна на институциите, а доколку вака продолжат, таа реакција ќе биде уште поробусна во периодот што следи. И да знаат дека нема вакви трикови никогаш да поминат повеќе.“

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-12-06-095827

Влада: 675 прехранбени производи по ниски цени за време на новогодишните празници

„Кампањата „Помалку трошоци, повеќе за тебе - Се грижиме“ продолжува и за време на новогодишните празници. Во договор помеѓу Владата и 60 компании се донесе одлука за намалување на цените за новогодишната потрошувачка кошничка, а со тоа се подобрува стандардот на граѓаните. Имено, во период од 15 декември 2024 година до 15 јануари 2025 година граѓаните имаат можност да купат 675 различни производи по ниски цени“, извести Владата.„На рафтовите производите кои се со намалени цени ќе бидат означени, а дополнително преку веб страната „mojakosnica.mk граѓаните ќе може да се информираат за производите кои се опфатени од оваа листа.Владата покажа одговорно работење и посветеност кога станува збор за подобар животен стандард.Некои прехранбени производи се намалени за 10 и повеќе проценти, а во оваа листа спаѓаат леб и житарици, пекарски производи, месо и преработки од месо, риба, млеко и млечни производи, кондиторски производи, свежо, замрзнато и конзервирано овошје и зеленчук, безалкохолни (газирани и негазирани) напитоци, алкохолни пијалаци (вино и пиво) и друго.Воедно, листата во следниот период има можност да се проширува и со други производи по ниски цени.Оваа одлука е за поздравување и има за цел секое семејство новогодишните празници да ги помине во пристојни услови.Како Влада продолжуваме посветено да работиме во интерес на граѓаните.Преку проекти и мерки создаваме иднина и ја враќаме надежта.Само со домаќинско работење ќе докажеме дека приоритет на оваа Влада се граѓаните и обезбедување на подобар и поквалитетен живот за сите“, соопшти Владата.

Македонија | пред 1 година

235800648_425771962195307_1037075062295838406_n

Од утре нови цени на горивата

Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимолвски на денешната прес-конференција ги соопшти новите цени на горивата.Тој изјави дека од полноќ бензините поевтинуваат за 1,5 денар, а дизелот ќе поскапи за 0,5 денари.Се очекува да излезе официјалното соопштение со цените на нафтените деривати.

Македонија | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања