ЦИГАРИ

240456251_250080713784836_4346381935782682901_n

„Да се забрани пушење цигари во затворени простории“ - се погласно се бара од граѓаните

Забрана за пушење цигари во затворени простории е повторно зачестено барање на граѓаните. На социјалните мрежи се погласно се споделува ова барање.Ова го поддржа и пејачката Елена Ристеска, кој посочи дека има и алергија од никотон.„Имам алергија на никотин и заради тоа и не излегувам никаде. Ама морам да пеам во зачадени простории, без лекови за алергија не би можела. Во случај да не се пуши во објекти, пушачите можат да излезат на цигара никој не им забранува“, напиша поп-ѕвездата.До доаѓањето на СДСМ и Зоран Заев на власт, пушењето цигари беше забрането во угостителските објекти. Потоа, се направи нов закон со кој се дозволи секаде освен во локалите каде се служи храна.Македонија е лидер во Европа по потрошувачка на цигари.Половина од возрасните луѓе во Македонија (48,4%) пушат, што е далеку над ЕУ просекот за употреба на тутун (29%). Просечен Македонец пуши во 20 цигари дневно, а во прилог на ваквата зависност е тоа што земјата има најниска цена на цигари во регионот и Европа - 1,7 евра за пакување од 20 цигари. Како земја која што има најниски цени на цигари во регионот и во Европа, се чини дека тутунот е лесно достапен за секого. На забраната за пушење која што беше најригорозно на сила од 2010 до 2018 година, како да заборавија сите.

Коментари | пред 1 година

cigari

Доколку пушите, ова задоволство ќе ве чини и по 10 денари поскапо

Некои видови на цигари се продаваат поскапо за 10 денари. Трговците велат дека до крајот на неделата и останатите ќе поскапат, а неофицијално, причината е да се пресретне јануарското поскапување на акцизата, со што ќе одат повеќе пари во државната каса.Станува збор за дел од брендовите Родео, Бос, Давидов и Вест.Според измените на Законот за акцизите, кои стапија на сила од почетокот на годинава, предвидено е усогласување на акцизната стапка кај цигарите со минималната акцизна стапка во ЕУ, како и изедначување на учеството на вкупната акциза на цигарите во пондерираната просечна малопродажна цена со онаа пропишана во Директивата на ЕУ.Според измените на Законот за акцизите усвоени во октомври 2023 та, цигарите, пурите, несогорливите тутунски производи и течноста за електронски цигари ќе поскапуваат секоја година на 1 јануари. Со овие измени, Владата предвиде дополнително зголемување на приходите во буџетот за околу 13 милиони евра годишно.Инаку, Македонија има меѓу најниските цени на цигарите во регионот, што ја прави водечка по бројот на пушачи.

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања