(Видео) Актерката Кејт Бланшет снимена како покажува среден прст на црвениот тепих
Актерката Кејт Бланшет се најде во центарот на вниманието откако на церемонијата на доделувањето на наградите Оливиер во Лондон беше снимена како покажува среден прст кон непознато лице во публиката.Настанот се одржа во неделата, а видеото од инцидентот брзо се прошири на социјалните мрежи и стана вирално. На снимката се гледа како 56-годишната оскаровка прво се врти кон одредена насока и изговара „Престани“, по што накратко го подигнува средниот прст, а веднаш потоа го спушта.Засега не е познато што точно ја предизвикало реакцијата, ниту кон кого бил упатен гестот. Дел од корисниците на социјалните мрежи претпоставуваат дека се работи за фотограф или новинар, но за тоа нема официјална потврда.Други, пак, сметаат дека станува збор за шега, бидејќи актерката делувала опуштено и насмеано во моментот на инцидентот.Снимката предизвика бројни реакции на интернет, при што дел од коментарите ја бранат актерката и ја опишуваат ситуацијата како забавна, додека други го критикуваат однесувањето, истакнувајќи дека станува збор за недоличен гест на јавен настан.
Свет | пред 5 часа