„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

драги книга

media-librarytl1dunq41pil0hwT1Gw

(Видео) Данела Арсовска со Али Ахмети договараше да биде премиер наместо Мицкоски, тврди нејзиниот екссоработник Драги Книга

Драги Митковски-Книга, поранешен близок соработник и експријател на ексградоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, во гостување во „Претрес со Ландов“ изнесе серија тврдења за настаните и разговорите што, според него, се одвивале во периодот пред парламентарните избори. Во разговорот, Митковски сведочеше за политички калкулации, амбиции и конфликти во кои, како што тврди, била вклучена самата Арсовска.Книга: Одреден период пред парламентарните избори муабетите беа веќе одеа во таа насока дека Мицкоски нема да биде премиер ради тоа што нема да ги убаци Бугарите во Устав, него ќе го сменат и ќе мора да се направи техничка влада.Ландов: Ова Данела го зборува? Да. Со вас?Книга: Да, да, да, и дека можеби ДУИ ќе ја предложи за технички премиер.Ландов: Аха. Да сфатам Данела се надевала дека ќе биде технички премиер наместо Мицкоски? Математиките не излегле како што треба?Книга: Така е, и она идеше на состаноци со господинот Aли Aхмети во општина Сарај. Се скаравме таа ме обвини дека јас сум седел со Христијан Мицкоски во Воденица и сум договарал да ја убедам да си даде оставка. Јас и Мицкоски да седиме во Воденица ќе знае пола држава.Зошто Драги Книга не се вклопи во приказната на Данела Арсовска на Блерим Беџети?

Студио | пред 4 часа

media-libraryrhafhbf56bon3RYxwoY

🔴 ВО ЖИВО: „Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... сведоштва и поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето

Во вечерашното издание на „Претрес“, гостува Драги Митковски, човек кој со години се движел на линијата меѓу бизнисот, политиката и институциите на системот. Разговорот не е промоција на книга, туку јавно сведочење за тоа како се носат одлуки зад затворени врати и кој навистина ја има моќта во државата.Митковски отворено ќе зборува за односите со Никола Груевски, за соработката со министрите во неговото време, за падот на поранешната власт и за прашањето зошто неговото име никогаш не се појави во прислушуваните разговори. На маса се ставаат и сомнежите за фирми во сенка кои се шпекулираше дека се на Груевски, политички договори и прагматични одлуки донесени во клучни моменти.Во емисијата се отвора и односот со Зоран Заев, притисоците врз Стопанската комора, апсењата на бизнисмени како Сеат Кочан од „Трансмет“ и конфликтите меѓу политичката власт и бизнис-елитата. Митковски зборува за моментите кога одбивал да застане зад политички одлуки – и за последиците од тие одбивања.Посебен фокус е ставен на соработката со Данела Арсовска, периодот во кој, според тврдењата, се случувале сериозни институционални блокади, контроверзни тендери, притисоци и внатрешни судири во Град Скопје. Се отвораат прашања за тоа кој реално управувал со процесите и како ескалирал конфликтот што доведе до целосен колапс на односите.Во „Претрес“ се зборува и за личните последици од ваквото позиционирање: закани, кршење канцеларии, запалени автомобили и притисоци врз најблиските. Митковски одговара и на обвинувањата за наводни врски со подземјето и странски служби, како и на прашањето дали има политички амбиции и дали ќе се кандидира за градоначалник на Ѓорче Петров.Следете во живо и прашувајте:

Студио | пред 21 час

dragi-kniga-crkva

Детали од МВР за запалениот автомобил на Драги Книга

Автомобилот на Драги Митковски-Книга, ексблизок соработник на Данела Арсовска, бил запален на паркинг, а пожарот зафатил и други возила“На 09.08.2024 во 03.05 часот од Бригадата за противпожарна заштита-Скопје во СВР Скопје е пријавено дека на територија на општина Ѓорче Петров било опожарено патничко моторно возило „мерцедес а класа“ со скопски регистерски таблички, сопственост на правно лице од Скопје. Од пожарот зафатени се и патничко моторно возило „хјундаи“ и „сузуки свифт“ во делот на браниците и ретровизор”, вели МВР.Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Македонија | пред 1 година

arsovska-mitkovski

Запален „мерцедесот“ кој го возел Драги Книга, екссоработникот на Арсовска

Автомобилот на Драги Митковски, познат како Драги Книга е ноќеска опожарен во скопската населба Ѓорче Петров. Автомобилот не бил вво негова сопственост, а станува збор за „мерцедес“. На местото имало увид од полиција, но и група негови пријатели.Драги Книга важеше за близок соработник на скопската градоначалничка Данела Арсовска. Неофицијално, тие имаат нарушени односи од пред скоро повеќе од месец.Засега непознато е кој стои зад опожарувањето и од која причина.

Скопје | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања