ДРИСЛА

markova-reka

(Видео) Црнее и смрди од Маркова река: граѓанин тврди дека „Дрисла“ ја загадува, а депонијата лани плати казна за ова

Снимка од скопјанецот Сених Браховиќ покажува како се загадува Маркова река. Тој утринава, снимил како течности се излеваат во неа. Тврди дека ова е последица Дрисла.„Ни дојде првиот дожд и првите проблеми со депонијата Дрисла. Денеска сме вторник, повторно депонијата Дрисла испушта исцедок во Маркова река. Видете како ги уништуваат рибите, жабите, се што постои во оваа вода. Од Маркова река во Драчево, Лисиче ги полеваат бавчите. Се осеќа страшна смдреа.. Со појака вода пуштале, погледете“, вели Сених Браховиќ.Тој рече дека ќе се повика Државниот инспекторат и полицијата.Ова не е првпат да е ваква состојбата со Маркова река. МакедонијаЗа загадување на Маркова Река, ЈП „Дрисла“ се соочуваше со глоба од 120 илјади евра во септември минатата година.

Скопје | пред 1 година

20220915120831

И директорот на „Дрисла“ крена раце од Данела, а таа дели откази во Градот - избрканите спремаат тужби

Директорот на депонијата „Дрисла“, Александар Кузинаков, крена раце од директорската позиција, дознава „Скопје1“. Но истовремено, скопската градоначалничка Данела Арсовска „на големо“ дели откази низ Град Скопје, тврдат нашите извори. Тоа го прави по разни основи, известувања се закачуваат и на огласната табла. Кузинаков е вториот директор кој не сака да продолжи да ја извршува директорската позиција, откако вчера тоа го направи директорот на ЈП „Паркови и зеленило“. Кој ќе ги наследи - градот кој Арсовска го „приватизираше“, не соопштува.Неофицијално, а во недостаток на официјални информации, дознаваме дека десетина лица останале „на улица“, откако Арсовска решила дека не сака повеќе да соработува со нив. Меѓу нив, блиски соработници, но и лица кои имале договори со Град Скопје. Тоа, според одредени информации го прави поради несогласувања, а не поради проблеми при извршувањето на работните задачи. „Скопје1“ дојде до информации дека ваквото постапување на Арсовска ќе донесе нови тужби кон градот, а со тоа и нови трошоци.„Скопје1“ овие прашања сакаше да ги постави и утрово до Арсовска, но таа, наместо да излезе од автомобилот, кога ја виде новинарската екипа - избега со службениот „пасат“.Претходно, таа ги разреши директорите на „Водовод“, а потоа и на „Комунална хигиена“.Скопјани пак, нервозни. Бараат од Арсовска да поднесе оставка до петок.„Ајде вака да ѝ дадеме можност на “дамата” Данела да биде достојна до петок 16.08.2024 да си поднесе оставка причините се повеќе од јасни, ако почнеме да ги набројуваме немаат крај, нека биде достојна нека си даде оставка, доколку не се случи тоа, неа ке ѝ се случи народ, но не партиски, напротив од незадоволството на секој еден граѓанин на Скопје без разлика на партија вера и нација“, пишува Игор Кнеле, жител на Скопје.Скопје во мандатот на Арсовска наместо модерен – стана град со незадоволни луѓе, наместо метропола – град на заборавени жители.

Скопје | пред 1 година

298986487_5224357771007944_6859084214574052462_n

„Дрисла“: Градоначалниците на Кисела Вода и Аеродром да кажат каде го фрлале ѓубрето досега бидејќи немаат договор со депонијата

Од Јавното претпријатие „Дрисла“ ги повикаа градоначалниците на општините Кисела Вода и Аеродром, Орце Ѓеоргиевски и Тимчо Муцунски, да кажат каде го фрлале сметот досега бидејќи договорите со депонијата им истекле уште од март.Од Јавното претпријатие им порачаа на Ѓеоргиевски и Муцунски да бидат поодговорни кога даваат изјави и да престанат безочно да лажат, особено, како што велат, поради тоа што веќе e креиран сомнеж за извршување кривично дело од нивна страна против животната средина.„Имено, ниту Општина Аеродром ниту Општина Кисела Вода нема потпишан договор со депонијата ЈП „Дрисла“ – Скопје бидејќи тој им е истечен во март. Се поставува прашањето каде го фрлале сметот овие две општини во изминатите месеци ако немаат договори со ЈП „Дрисла“ – Скопје, единственото предвидено место за одложување отпад?Дали и колку диви депонии креирале? Колку од дивите депонии што ги исчисти Град Скопје повторно се претворени во хаос со отпад?“, прашуваат од „Дрисла“.Оваа реакција следува по денешните изјави на скопските градоначалници, кои ја повикаа „Дрисла“ да ги отвори рампите за да може со нивната механизација да го достават сметот што се насобра деновиве на улиците на Скопје поради бунтот на вработените во „Комунална“.

Скопје | пред 2 години

drisla

И директорот на „Дрисла“ се повлече од позицијата

„Како директор на депонијата Дрисла сакам да посочам дека во овој десет месечен период откако го превземав претпријатието направив стабилизација и негова консолидација и отпочнав со процес на инвестиции кои се во насока на подобрување на работата на истото. Но секој индивидуален успех на било кое претпријатие не е целосен доколку истото не добие потркепа од колективитетот во кој Дрисла мора да функционира, а тоа е Градот и нејзиниот прв човек. Морам да го истакнам немањето на координација и достапност со градоначалничката Арсовска и покрај бројните мои обиди тоа да биде сменето. Во такви едни услови сметам дека првенствена задача за еден градоначалник не смее да биде личната пресметка и хајка кон поединци, каква што видовме вчера, туку посветување на приоритетите и проектите кои се основна задача. Дополнително Дрисла се соочува со сериозен проблем поради сметките за струја кои се сериозен удар на претпријатието, а за жал до сега претпријатието нема никаква поддршка од Градот Скопје. Поради сето ова јас денес си поднесувам неотповиклива оставка од местото прв човек на Дрисла“, вели Јане Мицевски.Тој додава:Навистина благодарам до моите соработници во претпријатието со кои заеднички дојдовме до резултати за кус период.-Горд сум што за 9 месеци успеавме за Дрисла да набавиме нова сопствена механизација. Набавени се 4 нови градежни машини, од кои 2 булдожери и 2 натоварувачи-Со цел осовременување на депонијата и обезбедување подобри услови за работа на вработените, обезбедени се два нови монтажно/демонтажни деловни објекти за потребите на работниците.-Обезбедивме линеарно зголемување на платите од 2880 денари за секој вработен, како и исплата на заостанат регрес за годишен одмор за 2021 година.-Инсталацијата за стерилизација на медицинскиот отпад (автоклав) е пуштен во пробна употреба, а во јули 2022 година со добивање дозвола за работа со што е направена измена во А – интегрираната еколошка дозвола почнува официјално со употреба.Системот обезбедува и еколошка безбедност и не дозволува воздухот што го испушта стерилизаторот да ја загадува околината.На крајот, сакам да истакна дека вработените кои беа дел од мојот тим можат да посведочат дека преку мојот начин на менаџирање успеав да сменам многу пракси на директорите од минатото. Личните привилегии никогаш не ми претставуваа приоритет како што се личен возач, репрезентација, патувања, службен телефон и слични непродуктивни трошоци чија ставка е нула. Одговорноста спрема граѓаните е поважна од сечиј друг личен интерес и амбиција. Од Дрисла излегувам со крената глава, бидејќи резултатите се очигледни.

Скопје | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања