(ФОТО) Шанса за Центар алармира: Урбан хаос во Дебар Маало – се гради без усул, среде густо населена зона!
Градежен хаос во Дебар Маало – без почитување на соседското право, безбедносните стандарди и мирот на жителите, обвинуваат од иницијативата „Шанса за Центар“. Во објава на социјалните мрежи тие реагираат на тековна градба во близина на градинка, за која велат дека се реализира по стар план од 2012 година, со одобрување од надлежни инспектори и служби. „Устав се менува, ама ДУП никако“, стои во нивната реакција, проследена со фотографии од терен.-Вака се гради во Дебар Маало! Без усул ни за сосед
Скопје | пред 11 месец