Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Трифун Костовски: Нова партија, пропадната банка, масонство, старите пресметки
„Претрес“ на Трифун Костовски: Нова партија, пропадната банка, масонство, старите пресметки

ЏЕЈ ДИ ВЕНС

Screenshot-2025-02-14-at-08.12.00

Венс ја обвини Британија по убиството на Хенри Новак, Лондон возврати

Заменикот на британскиот премиер, Дејвид Лами, откри дека телефонски разговарал со американскиот потпретседател Џеј Ди Венс, кому му порачал дека не е во право кога убиството на британскиот студент Хенри Новак го поврзал со масовната миграција.Контроверзијата започна откако Венс на социјалните мрежи објави дека 18-годишниот Хенри Новак би бил жив доколку европските политички елити, според него, се спротивставеле на „масовната инвазија на мигранти“.Лами за Би-Би-Си изјави дека директно му посочил на Венс дека случајот нема никаква поврзаност со миграцијата. Тој нагласил дека осудениот убиец, Викрум Дигва, е британски државјанин роден во Обединетото Кралство.Новак беше избоден со нож во декември минатата година во Саутемптон. Судот му изрече доживотна затворска казна на Дигва, кој ќе може да бара условно ослободување дури по издржување на најмалку 21 година затвор.Случајот предизвика силни реакции во британската јавност, особено поради полициската интервенција, откако снимките покажаа дека полицијата му ставила лисици на Новак додека умирал, верувајќи во лажната пријава на напаѓачот дека бил жртва на расистички напад.Од кабинетот на британскиот премиер ги осудија обидите случајот да се користи за поттикнување поделби во општеството. Во меѓувреме, независно тело ја истражува постапката на полицијата во Хемпшир, а локалниот полициски началник веќе се извини за начинот на кој бил третиран Новак.И покрај несогласувањата околу овој случај, Лами истакна дека со Венс имаат долгогодишни пријателски односи и редовно комуницираат за низа политички прашања.

Свет | пред 20 часа

media-library2d3igh17nskqe3UZoak

Рубио опасно му се доближи на Венс во трката за републиканската номинација за 2028 година

Трката за републиканската претседателска номинација за изборите во 2028 година станува сѐ понеизвесна, откако нова анкета покажа дека американскиот државен секретар Марко Рубио значително ја намалил предноста на потпретседателот Џеј Ди Венс.Според истражувањето на колеџот Емерсон, спроведено на 24 и 25 мај меѓу веројатни републикански гласачи, Венс има поддршка од 35,5 проценти, додека Рубио е веднаш зад него со 34,6 проценти. Гувернерот на Флорида, Рон Десантис, е трет со 5,4 проценти, а поранешната гувернерка на Јужна Каролина, Ники Хејли, има 4,6 проценти поддршка.Резултатите претставуваат голема промена во однос на февруари, кога Венс уживаше поддршка од 52 проценти, наспроти 20 проценти за Рубио. Во август минатата година разликата беше уште поголема – Венс имаше 52 проценти, а Рубио само 9 проценти.„Републиканските предизбори значително се променија од февруари. Потенцијалните кандидати за 2028 година сега се практично изедначени“, изјави директорот на Емерсон Колеџ Полинг, Спенсер Кимбол.Според анализата, Рубио бележи најголем раст кај републиканските гласачи постари од 50 години, додека Венс и натаму има предност кај помладите избирачи.Ниту еден од двајцата политичари засега нема официјално најавено кандидатура за претседателските избори. Венс неодамна ги отфрли шпекулациите за кандидатура, нагласувајќи дека не сака да зборува за избори додека е на функцијата потпретседател.Во Белата куќа, пак, порачаа дека администрацијата е фокусирана на актуелните предизвици, а не на изборите во 2028 година.Анкетата покажува и интересни движења кај демократите. Поранешниот министер за транспорт Пит Бутиџиџ води со 18 проценти поддршка, пред гувернерот на Калифорнија, Гевин Њусом, кој има 16 проценти. Следуваат Александрија Окасио-Кортез со 11 проценти, како и поранешната потпретседателка Камала Харис и гувернерот на Пенсилванија, Џош Шапиро, со по 10 проценти.

Свет | пред 1 седмица

Screenshot-2025-02-14-at-08.12.19

Интензивни разговори за Иран: Венс се сретна со катарскиот премиер

Американскиот потпретседател Џеј Ди Венс одржа состанок со катарскиот премиер Мохамед бин Абдулрахман Ал Тани, на кој се разговарало за преговорите со Иран, објави американскиот портал Аксиос.Засега нема многу детали за содржината на средбата ниту за можни конкретни поместувања во преговарачкиот процес, но се очекува повеќе информации да бидат објавени во текот на денот.Средбата доаѓа во период на засилена дипломатска активност поврзана со односите меѓу САД и Иран, како и со напорите за постигнување договор кој би можел да придонесе за смирување на состојбите во регионот.

Свет | пред 4 седмици

media-libraryqdj99mff90v59Euni4C

Потпретседателот Венс на пат кон Исламабад со американска делегација

Американскиот потпретседател Џеј Ди Венс, заедно со американска делегација, во наредните часови треба да пристигне во Пакистан, каде ќе се водат разговори поврзани со ситуацијата во Иран, изјави претседателот Доналд Трамп во интервју за New York Post.Трамп додаде дека и самиот би бил подготвен да се сретне со иранските лидери доколку се постигне напредок во разговорите.Од иранска страна, висок функционер изјави дека Техеран позитивно ја разгледува можноста за учество во потенцијални мировни преговори со САД, но конечна одлука сè уште не е донесена. Според него, Пакистан игра важна посредничка улога во обидите да се намалат тензиите и да се обезбеди учество на Иран.Извор вклучен во разговорите посочи дека двонеделното примирје истекува на 22 април во 20 часот според источноамериканско време.Во меѓувреме, односите меѓу САД и Иран остануваат напнати, особено околу Ормускиот теснец, клучен морски премин. Иран ја засили контролата врз сообраќајот во теснецот, додека САД ја продолжуваат блокадата на иранските пристаништа. Двете страни меѓусебно се обвинуваат за прекршување на примирјето.Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан повика да се искористат сите можности за намалување на тензиите со Вашингтон, но нагласи дека претпазливоста и недовербата кон САД остануваат „непобитна неопходност“, пренесе државната агенција IRNA.

Свет | пред 1 месец

media-libraryf138f6sc25if8qnAIg8

Венс го предупреди папата Лав XIV: „Бидете внимателни со теологијата“

Американскиот потпретседател Џеј Ди Венс упати критики до папата Лав XIV, порачувајќи дека треба да биде „внимателен“ кога говори за теолошки прашања, откако папата ја критикуваше американската надворешна политика.Венс реагираше на изјавата на папата дека Исус „никогаш не е на страната на оние кои некогаш замавнувале со меч, а денес фрлаат бомби“, оценувајќи дека ваквиот став ги занемарува историските конфликти како Втората светска војна.„Дали Бог бил на страната на Американците кои ја ослободија Франција од нацистите? Дали бил на страната на оние кои ги ослободија концентрационите логори и ги спасија преживеаните од Холокаустот? Јас сум убеден дека бил“, изјави Венс на настан на Turning Point USA.Иако нагласи дека ги цени ставовите на папата за прашања како абортусот и миграцијата, Венс истакна дека не секогаш се согласува со него, особено околу темите за војната и мирот.Неговата изјава доаѓа по неколкудневната размена на остри зборови меѓу папата и американскиот претседател Доналд Трамп. Папата го осуди конфликтот со Иран, по што Трамп го нарече „слаб“ и „ужасен во надворешната политика“.Одговарајќи на критиките, папата порача дека „не се плаши“ од администрацијата на Трамп и најави дека ќе продолжи да повикува на мир, нагласувајќи дека неговите ставови се темелат на Евангелието.Судирот предизвика немир меѓу католиците во САД, при што бројни свештеници застанаа во одбрана на папата, оценувајќи ги нападите како непримерни. Дополнителни реакции предизвика и објава на Трамп на социјалните мрежи, во која преку вештачка интелигенција беше прикажан во лик налик на Христос, што подоцна ја избриша по критики од јавноста.

Свет | пред 1 месец

media-libraryqdj99mff90v59Euni4C

Џеј Ди Венс: Подготвени сме за разговори со Иран, но нема да толерираме измами

Американскиот потпретседател Џеј Ди Венс изјави дека администрацијата на Доналд Трамп има јасна стратегија за претстојните преговори со Иран и изрази оптимизам во пресрет на средбата.Говорејќи пред новинарите во Вашингтон, Венс истакна дека очекува разговорите во Исламабад да бидат позитивни, додавајќи дека американската страна ќе пристапи конструктивно, но и внимателно.Тој порача дека САД се подготвени за дијалог доколку иранската страна преговара со добра намера, но предупреди дека во спротивно нема да има отстапки.„Ако се подготвени за искрени разговори, ќе им подадеме рака. Но, ако се обидат да нѐ изиграат, ќе видат дека нашиот преговарачки тим нема да биде воопшто попустлив“, изјави Венс.

Свет | пред 1 месец

Screenshot-2025-02-14-at-08.12.19

Венс: Имаме проблем со цените на горивата, работиме на решенија

Американскиот потпретседател Џеј Ди Венс призна дека САД се соочуваат со сериозен проблем поради растот на цените на горивата, во услови на актуелниот конфликт со Иран.„Бензинот поскапе. Знаеме дека поскапе и знаеме дека луѓето страдаат поради тоа“, изјави Венс за време на обраќање во производствен погон во Мичиген.Тој отворено призна дека администрацијата е свесна за состојбата.„Имаме проблем, знаеме дека имаме проблем“, рече Венс, додавајќи дека се работи на повеќе мерки.Според него, конкретните чекори што ги подготвува администрацијата ќе бидат соопштени во наредните 24 до 48 часа.Венс не откри дополнителни детали, нагласувајќи дека не сака да излегува пред официјалните најави од претседателот Доналд Трамп.Растот на цените на горивата доаѓа во контекст на ескалацијата на конфликтот на Блискиот Исток, кој влијае врз глобалните енергетски пазари.

Свет | пред 2 месеци

media-librarydo5c20ksrsq7au6kQcr

(Видео) Венс во Минесота ја брани Службата за имиграција по апсењето на петгодишно дете

Американскиот потпретседател Џеј Ди Венс вчера (четврток) престојуваше во Минесота, сојузна држава управувана од демократите и жариште на протести против акциите на Службата за имиграција и царина на САД. Посетата доаѓа во период на засилени федерални интервенции, кои предизвикаа силни реакции во јавноста, особено по приведувањето на петгодишно дете заедно со неговиот татко.Федералната влада распореди илјадници агенти, а тензиите се зголемија по смртта на 37-годишната Рене Гуд, која пред две недели беше застрелана од агент на Службата за имиграција, по што следуваа масовни протести и судири со жителите.Венс изјави дека немирите се резултат на отпор кон спроведувањето на имиграциските закони и ги обвини, како што рече, „крајно левичарските кругови“ и дел од локалните власти за ситуацијата во Минеаполис. Тој се сретна со агенти на Службата за имиграција и застана во нивна одбрана.Гувернерот на Минесота, Тим Волц, возврати дека федералната влада е таа што ја поттикнува нестабилноста и побара повлекување на силите од улиците и соработка со државата за насочени акции.Случајот со петгодишното момче предизвика особена огорченост, откако беше објавено дека детето било приведено додека се враќало од училиште. Училишните власти и адвокатот на семејството тврдат дека тие имаат активна постапка за азил и немаат налог за депортација, додека Венс изјави дека агентите постапиле за да ја обезбедат безбедноста на детето при апсењето на таткото.

Свет | пред 4 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања