„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика
„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика

ДЗС

Screenshot-2025-01-15-175632

Нема пилоти за ер-тракторите, нема план во случаи на пожар, поплава или земјотрес

Заводот за ревизија во својот извештај посочува повеќе проблеми во функционирањето на Дирекцијата за заштита и спасување.Како проблем го посочува недостигот на пилоти за трите авиони кои гасат шумски пожари. Од Дирекцијата пак велат дека побарале зголемување на платите за пилоти со што очекуваат се надеваат на зголемен интерес за тие работни места.Дирекцијата тешко ќе се справи со последиците во земјотрес, поплава или пожари. Ова е заклучокот од извештајот на Државниот завод за ревизија кој го проверувал работењето на Дирекцијата.Најголем проблем бил немањето Национална стратегија за заштита и спасување. Руинирани и без најсоодветен инвентар се и голем дел од засолништата кои се доделени на Дирекцијата за заштита и спасување. Тие се блокирани од мебел и покуќнина или личат на депонии. Ваквата состојба е утврдена од страна на државните ревизори при посетата на засолнишата во Општините Центар, Аеродром, Карпош, Гази Баба, Велес и Штип. Некои од нив воопшто не се ни во функција поради неисправни системи за вентилација и недостаток на струја и вода.„Ваквата состојба создава ризик од некоординирани активности на локално, национално, регионално и неѓународно ниво при справувањето со опасностите од природни непогоди и влијае врз целокупниот систем на заштита и спасување во државата“, наведува Државниот завод за ревизија во својот извештај.„ДЗС нема донесено пишани критериуми за утврдување на потребите и приоритетите за набавка на противпожарна опрема и средства за гасење на пожари за протипожарните единици. Во 2023 година набавени се 40 изолациски дишни апарати и 20 рачни термални камери за пожарникари, но истите не се распоредени на ТППЕ по општините, туку се складирани во магацините на ДЗС”, се вели во извештајот на Државниот завод за ревизија.

Македонија | пред 1 година

zasolnuvanja

Ако има вооружен напад, само 18% од населението во Македонија има каде да се засолни, објави МКД

Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) располага со 101 од вкупно 1.761 засолниште колку што има во Македонија во случај на потреба од засолнување од евентаулни последици, по дозволата што ја даде американскиот претседател во заминување, Џо Бајден американско оружје да се употребува на руска територија што ја зголемува опасноста од можна нуклеарна војна.Од ДЗС за МКД.мк велат дека на цела тетиторија на Македонија има 185.465 засолнишни места, доволни да се засолни 18 отсто од населението. Во случај на потреба од засолнување на целото население потребни се вкупно 1.034.450 засолнишни места, бројка која произлегува од зафатот на загрозените зони што изнесува приближно 40 отсто од вкупната површина на Македонија. Западните земји веќе на големо се подготвуваат во случај на заострување на војната помеѓу Русија и Унгарија која може да ги надмине границите на овие две држави.„На подрачјето на РСМ се потребни вкупно 1.034.450 засолнишни места, бројка која произлегува од зафатот на загрозените зони што изнесува приближно 40 отсто од вкупната површина на Републиката. Во сопственост на Дирекција за заштита и спасување Владата доделила 101 засолниште, од вкупно 1.761 засолниште. Во Скопје,  во сопственост на ДЗС се 16 засолништа“, велат од Дирекцијата за заштита и спасување“,  велат од ДЗС за „МКД.мк“.Што се однесува до другите градови, по Скопје, најмногу засолништа има во Кочани -13, Велес -12, Битола – 10, Неготино – 9, седум има во Пробиштип, по пет во Струга и Штип, по три засолништа има во Струмица и Тетово, по две во Берово, Гостивар, Охрид и Свети Николе и по едно засолниште има во Дебар, Кичево, Крива Паланка, Крушево, Македонски Брод, Прилеп и Радовиш.Извор/повеќе: МКД

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања