Владата разгледува нови мерки за електричните автомобили, субвенциите сè уште неизвесни
Купувањето и користењето електрични автомобили би можеле да бидат поттикнати со нови мерки што ги разгледува Владата. Во подготовка е правилник за електрични возила, а во ноември се планираат разговори со компаниите од секторот за да се утврдат решенијата што најмногу ќе одговараат на домашниот пазар.Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски најави дека средбата ќе се одржи кон средината на ноември. Тој посочи дека развојот на електромобилноста е важен дел од зелената транзиција
Македонија | пред 2 седмици