Последната сезона на „Емили во Париз“ се снима на Миконос
Започна снимањето на последната сезона од популарната серија „Емили во Париз“, а главните ѕвезди Лили Колинс и Лукас Браво повторно застанаа пред камерите. Новите сцени деновиве се снимаат на грчкиот остров Миконос, објави „Just Jared“.Колинс и Браво, кои во серијата ги толкуваат ликовите Емили и Габриел, позираа заедно на фотографиите од почетокот на снимањето на новата локација.Нетфликс минатата недела официјално потврди дека продукцијата на шестата сезона е во тек и дека таа ќе биде последна.
Магазин | пред 4 седмици