(Фото) Подвиг за восхит - пливачот Евгениј Поп Ацев го преплива Ла Манш
Еден од најдобите македонски пливачи, Евгениј Поп Ацев направи подвиг за успех. Вчера го преплива каналот Ла Манш, што е предизвик за секој пливач на долги патеки.Каналот Ла Манш е долг околу 34 километри по најтесната линија меѓу Довер (Англија) и Кале (Франција), но пливачите обично минуваат повеќе – често 35–40 км или повеќе, поради силните струи и промените на плимата кои ги носат надвор од правата линија.Асоцијацијата Ла Манш му упати искрени честитки за овој негов голем успех. Поп Ацев по трет пат го плива Ла Манш и овој пат успешно, првите два пати се откажа.-Големи честитки за Евгениј Поп Ацев од Македонија, кој денес успешно го преплива Англискиот канал за неверојатни 9 часа и 43 минути.Евгениј е трикратен светски шампион и член на Меѓународната куќа на славните во маратонско пливање, со 107 настапи на светски натпревари во кариерата од 2007 до 2021 година.Неверојатен подвиг – браво, Евгениј!, се вели во нивната објава на ФБ.Голема благодарност и до целата екипа на бродот која го овозможи овој подвиг.
Македонија | пред 5 месеци