„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

евровизија

174324-0485491

Украина сака да биде домаќин на Евровизија

Украина која победи на Евровизија ја осуди во петокот одлуката на Европската радиодифузна унија ЕБУ, да ѝ се одземе улогата на домаќин следната година. Од ЕБУ во петокот ја донесоа оваа одлука поради недоволната безбедност во земјата и руската инвазија.„Украина не се согласува со природата на оваа одлука која ја донесе Европската радиодифузна унија (ЕБУ)“, рече во соопштението украинскиот министер за култура Олександр Ткаченко.„Бараме дополнителни преговори за улогата на домаќин на Евровизија 2023 година во Украина“, додаде тој.ЕБУ во петокот објави дека Евровизија 2023 година нема да може да се одржи во Украина поради војната, додавајќи дека е во преговори со „Би-би-си“, тоа да се одржи во Велика Британија.„Украинската јавна телевизија UA:PBC не може да ги исполни оперативните и безбедносни гаранции потребни за телевизијата да биде домаќин, да организира и ја продуцира Евровизија според правилата на ESC-a“, напишаа од ESC Еurovison Song Contest на „Твитер“.„ЕБУ сака да ѝ се заблагодари на UA:PBC за нивната сесрдна соработка и посветеност во истражувањето на сите сценарија во неделите по победата на оркестарот „Калуш“ во Торино и ја споделува својата тага и разочарување што натпреварот во 2023 не може да се одржи во Украина“.Укранскиот бенд оркестарот „Калуш“ победи на Евровизија во Торино минатиот месец, додека Велика Британија беше на второто место.„Очигледно ова не се околностите кои некој би ги посакал. Се разбира дека ќе расправаме за тоа да „Би-би-си“ биде домаќин на „Евровизија“, рекоа од „Би-би-си“.„Традиционално победникот на Евровизија е домаќин на натпреварувањето следната година, но поради неможноста на украинската телевизија да ги даде безбедносни и оперативни гаранции потребни за да се одржи натпреварот, значи дека шансата ќе ја добие земјата што завршила втора. Ние имаме целосна намера и нашата цел ќе биде следната година јасно да покажеме дека Украина беше победник“, соопштија од ЕБУ.

Магазин | пред 3 години

evrovizija

Евровизија нема да се одржи во Украина, еве која земја ќе биде домаќин

Управниот одбор на Евросонг објави дека по извршената објективна анализа, а со оглед на актуелната состојба, одлучено е дека украинскиот јавен сервис не е во состојба да ги исполни сигурносните и оперативни гаранции за организација и продукција на натпреварување за песна на Евровизија.-Ова натпреварување е една од најсложените ТВ продукции во светот со илјадници кои работат и присуствуваат на настанот и за тоа е потребна 12 месечна подготовка. По анализата управниот одбор со длабоко жалење заклучи дека украинскиот јавен сервис не е во состојба да ги исполни условите според ЕСЦ правилата. Му благодариме на украинскиот јавен емитер за соработката во деновите по победата, но ЕБУ одлучи дека следната година натпреварувањето не може да се одржи во Украина, се наведува во соопштението.Во соопштението се наведува дека, согласно правила, ЕБУ ќе започне разговори со Би-Би-Си како овогодишен второпласиран јавен сервис, за потенцијално организирање на изборот за песна на Евровизија 2023 и негово одржување во Велика Британија.Украина претходно беше организатор на Евровизија во 2017 и 2005 година.

Магазин | пред 3 години

evrovizija

Украина ги започнува подготовките за Евровизија 2023 година

Украина ги започнува подготовките за домаќин на Изборот за песна на Евровизија во 2023 година, изјави Кирило Тимошенко, заменик-шеф на Кабинетот на претседателот на Украина, на својот Телграм-канал.„На светот му ја покажуваме нашата отвореност, гостопримливост и способност да спроведуваме проекти од големи размери. Главното прашање за нас и за европската радиодифузна унија е безбедноста“, рече тој.„Министерството за одбрана и Министерството за внатрешни работи на Украина се вклучени во подготовките за Евровизија 2023 од самиот почеток со цел да се обезбеди соодветна логистика и најважно, безбедност“, објасни Тимошенко.Се разгледуваат различни локации за одржување на натпреварот, но во моментов не може да открие за кои локации станува збор.Украинскиот бенд „Калуш оркестра“ победи на овогодинешниот Евросонг, а според правилата на Евровизија, следниот натпревар треба да се одржи во Украина.

Магазин | пред 3 години

asdffdasfasdf

(ВИДЕО) Објавен настапот на Андреа со кој не се пласираше во финале, Констракта апсолутен фаворит

Македонската претставничка на Евросонг, Андреа Коева не се пласираше во финалето на Евросонг. Таа настапи 11 -та по ред на втората полуфинална вечер во Торино со песната Circles.Од втората полуфинална вечер во финале се пласираа Белгија, Чешка, Азербејџан, Полска, Финска,Естонија,Австралија, Шведска, Романија и Србија. Додека од првата во финале се пласираа Швајцарија, Ерменија, Исланд, Литванија, Португалија, Норвешка, Грција, Украина, Молдавија и Холандија. Од големата петорка, своите настапи ќе ги претстават Англија, Германија и Шпанија.Србија се пласираше во финалето на „Песна на Евровизија“, а претставничка Ана Ѓуриќ Констракта доби овации од публиката по настапот во Торино.Сепак, домаќините ја прочитаа Србија последна од листата од 10 земји кои отидоа понатаму по втората полуфинална вечер.Освен Србија, вечерва во финалето се најдоа и: Белгија, Чешка, Азербејџан, Полска, Финска, Естонија, Австралија, Шведска, Романија.Финалето на Евросонг ќе се одржи на 14 мај, а ќе пеат претставниците на 25 земји.

Магазин | пред 3 години

Andrea-Evrovizija

МТВ одлучи дали ќе настапува Андреа на Евровизија

Од Македонската Радио Телевизија (МРТ) информираат дека по инцидентот кој што се случи за време на официјалната церемонија за отворање на „Евросонг 2022“, кога нашата претставничка Андреа Коевска го фрли македонското знаме, детално ги разгледале сите аспекти за евентуално повлекување на нашата претставничка од Евровизија.„Таквиот чекор во момент кога сите рокови за повлекување се поминати би предизвикал голема финансиска штета и други санкции кои што не се за занемарување. Имено, со откажувањето би се загрозилo и учеството и отстапувањето на телевизиските права на сите други настани кои што Јавниот сервис ги добива како членка на Европската радиодуфузна мрежа“, се наведува во соопштението на МРТ.Во него се додава дека јавниот сервис ќе ги преземе сите законски решенија и дисциплински мерки по враќањето на нашата делегација од Торино, откако членовите ќе ги поднесат извештаите за случувањата на церемонијата.„Поради негативниот имиџ во јавноста на проектот ‘Евровизија’ што предизвикува негативен публицитет на МРТ, Уредничкиот колегиум на МРТ ја разгледува можноста од следната година Македонската Радио Телевизија веќе да не учествува на Изборот за песна на Евровизија“, стои во соопштението.

Магазин | пред 3 години

Screenshot-2022-05-08-at-21.17.55

Андреа е на дното

Стана традиција тимот на „eurovisionlive“ да ги трансформира индивидуални поени во ѕвезди во рејтинг од еден до пет. Користат ѕвезди за да ги оценат шансите за победа на секоја земја. Ова гласање се заснова на нивните проценки и долгогодишно искуство. Не е вклучено лично мислење, само објективната гледна точка колку шанси имаат записите да победат на ESC. Максимумот на ѕвезди е пет со многу добри шанси за победа и една ѕвезда за влез без речиси никакви шанси за победа.Максимумот на ѕвезди е пет со многу добри шанси за победа и една ѕвезда за најмалку шанси. Системот на гласање се базира на оригиналниот од членовите на жирито во ЕСС. Од 40 земји-учеснички, сите песни треба да се постават по редослед 1 – 40 поени, најдобрата земја со најголеми шанси ќе добие 40 поени, 39 поени и така натаму до 1 поен. Ѕвездите за секој запис ќе бидат прикажани на страницата за секоја земја.„#“ Значи дека записите биле дискутирани од страна на тимот со добрите и лошите страни и така, еден или друг запис добил подобра или полоша оцена со ѕвезди, и покрај поените. Влезот со # има нормално би бил во друга категорија за оцена со ѕвезди.Еве ги деталите за гласањето на секој од надлежните членови на тимот.5 ѕвезди – најдобри шанси за победа и главен фаворит:Италија 156 поениШведска 150 поениУкраина 133 поени #Полска 123 поени #Холандија 112 поени #Обединето Кралство 112 поени #4 ѕвезди - добри шанси за победа:Молдавија 127 бодовиАвстрија 117 бодовиФинска 109 поениНорвешка 105 бодовиКипар 105 поениГрција 104 поениФранција 103 поениЧешка 101 бодАвстралија 99 поени #Естонија 92 поени #Данска 82 поени #Германија 80 поени #Шпанија 76 поени #3 ѕвезди – умерени шанси за победа:Белгија 93 бодовиАлбанија 90 поениСан Марино 88 бодовиАзербејџан 87 поениСрбија 75 бодовиЕрменија 71 бодРоманија 67 бодовиМалта 64 бодовиШвајцарија 59 поени #Бугарија 59 поени #Португалија 58 поени #Грузија 55 поени #Хрватска 54 поени #Црна Гора 54 поени #2 ѕвезди - помалку шанси за победа:Ирска 48 бодовиСловенија 34 бодовиИсланд 34 бодовиЛитванија 33 бодовиЛатвија 30 поени #1 ѕвезда - речиси и да нема шанси за победа:Израел 24 бодови Северна Македонија 17 поени

Магазин | пред 3 години

moze

Евросонг 2022: Откриена земјата која се смета за фаворит по пласманот во финалето

Украинскиот бенд „Калуш оркестра“ се пласираше во финалето на Изборот за песна на Евровизија, зацврстувајќи ја својата позиција како фаворит за победа на натпреварот.Членовите на фолк-рап бендот скокнаа на нозе, веејќи го украинското знаме кога беше објавено дека се квалификувале од првото полуфинале во Торино.Претходно тие имаа енергична изведба на нивната песна Stefania.„Ви благодариме што ја поддржавте Украина“, рече основачот Олех Псиук кога го завршија својот настап.Публиката во „Пала Алпитур“ одговори со мешавина на радост и емоции. Заглушувачкиот аплауз беше проследен со искрени солзи.Поддршката за бендот се зголеми по руската инвазија на Украина во февруари.

Магазин | пред 3 години

20220509121234

Шефицата на македонската делегација за сѐ има оправдување!

Шефицата на македонската евровизиска делегација, Мери Попова за инцидентот со македонското знаме, што се случи вчера во Торино, Италија, за „Нова Македонија“ вели дека претставничката Андреа Коевска имала само 30 секунди за фотографирање на Евросонг.– Сè се случи навистина многу брзо. Протоколите и организацијата налагаа по 30 секунди официјално фотографирање за сите евровизиски претставници. Останатиот дел од делегацијата беше тргнат на сосема спротивна страна, зад камерите, со оглед на директниот пренос. Претпоставувам дека во целата еуфорија, кога од Андреа побарале фотографии и без знамето, едноставно не успеала да изреагира поинаку, туку го поттурна знамето по тиркизниот ќилим. Ниту видовме, ниту слушнавме кој го побарал тоа од неа, зошто повторувам бевме далеку од неа. Потоа си го зема и продолжи на средбите и интервјуата со сите други многубројни присутни медиуми, вели Попова за „Нова Македонија“.Попова побара од јавноста да и прости на Андреа за моменталната непромисленост и да и се даде ветер во грб заради влогот во неколку месечната напорна работа и да може да го даде максимумот на 12-ти мај.

Македонија | пред 3 години

Screenshot-2022-05-08-at-21.42.36

Андреа одново се се извини: Намерата не ми беше лоша

Македонската евровизиска претставничка Андреа Коевска, одново се извини на јавноста.„Сакам на сите уште еднаш со цела почит да ви се обратам. Навистина ми е жал за сето ова што се случува. Се извинувам на сите за непромислената и брза одлука, намерата не ми беше лоша. Напротив, со голема љубов и гордост го носам знамето овие денови. Самото тоа што сум тука е чест за мене да ја претставувам Македонија и тоа навистина сакам да го направам со достоинство. Многу сум благодарна што сум тука во Торино и што со гордост ја претставувам нашата земја.Се извинувам уште еднаш од сѐ срце, а македонското знаме ќе продолжам да го веам гордо како до сега, така и наредните денови“, напиша Коевска.

Македонија | пред 3 години

fgadfga

„Тоа е сувенир и не е баш знаме“, професор по право за потегот на Андреа

Професорот на Правниот факултет „Јустинијан Први“, доктор Гордан Калајџиев, за настанот кој ја вознемири македонската јавност, а се однесува на синоќешниот инцидент кога евровизиската претставничка Андреа Коевска го фрли националното знаме на подот излезе со свој коментар.Девојката очигледно се збуни и немаше намера да го омаловажи знамето. Тоа сувенир знаменце и не е баш „знаме” и повеќето го фрлаат по настанот. Ова е добра прилика да се прашаме од кого младите ќе учат како се сака татковината. Сите се јаки патриоти на прсти, а инаку ,,многу на број, малку за бој!”, напиша професор Калајџиев на својот Фејсбук профил.

Македонија | пред 3 години

Screenshot-2022-05-08-at-23.48.39

(ВИДЕО) На Андреа и се бесмислени реакциите, но се извини за фрлањето на македонското знаме

Андреа Коевка се извини за фрлањето на македонското знаме, но и е бесмислено зошто сите реагираат. Таа објасни зошто се решила на тој чекор. Нејзиното обраќање преку видео доаѓа откако МТВ кажа дека се разгледува можноста таа да биде вратена дома.„Ги видов написите во медиумите и не ми се верува дека се случува тоа. Во последните неколку дена, сѐ што правев е тоа што гордо се движев насекаде и го покажував македонското знаме. Но, во моментот кога ме фотографираа, побараа од мене да го немам македонското знаме. Делегацијата беше навистина подалеку од мене и јас одлучив да го фрлам знамето. Не беше од омраза затоа што јас сум горда што доаѓам од тука. Затоа ми е малку бесмислено зошто се случува ова. Навистина сум тука да ја претставам Македонија во најдобро светло и се надевам дека можеме да продолжиме во ова евровизиско искуство со позитива. Немав намера да навредам некого, ако го направив тоа – се извинувам!“, рече Aндреа.

Магазин | пред 3 години

FSQgCRbXsAAKCex

„Држава ли е? Буниште ли е?“, „Девојчево со врски ли е пратено?“, ужасни реакции откако Андреа го фрли македонското знаме

Андреа Коевска, македонската претставничка на Евросонг го фрли македонското знаме по земја додека се фотографираше во Торино. Нејзиниот потег предизвика лавина реакции.https://twitter.com/cresha99/status/1523366861370368000https://twitter.com/Jovanovski_mk/status/1523367031214645250https://twitter.com/SmetaloLevo/status/1523374047211315200https://twitter.com/GeorgeFromMkd/status/1523382137017159680https://twitter.com/igorhadzievski/status/1523385586081357825https://twitter.com/Mk55519/status/1523387625754660864https://twitter.com/dukoska_ana/status/1523352398995288065https://twitter.com/BiguzDikuz/status/1523363216088174592https://twitter.com/radevska_rita/status/1523377804536033280https://twitter.com/IwasStrange_/status/1523351405993414660https://twitter.com/visocina/status/1523363882814689280https://twitter.com/IskrenoDete/status/1523390323548102656 https://twitter.com/bejbiboy2/status/1523389676412805120https://twitter.com/ana_k34/status/1523386789276254208https://twitter.com/AuuuDzoniii/status/1523386032455966720https://twitter.com/rsena_a/status/1523385514773999616https://twitter.com/nadrobena/status/1523383465302843392https://twitter.com/BlackTaurus7/status/1523383006278602753https://twitter.com/BrlaBrla/status/1523381338828869632https://twitter.com/Viktor_Stevich/status/1523374859044016130  

Коментари | пред 3 години

Screenshot-2022-05-08-at-21.42.36

По фрлањето на знамето: Јавниот сервис ја разгледува можноста за повлекување на Андреа од Евровизија

Македонската Радио Телевизија најостро го осудува потегот на нашата претставничка на „Песна за Евровизија 2022“, Андреа Коевска којашто за време на фотографирањето во Торино го фрли на земја државното знаме.-Јавниот сервис на ниту еден начин не стои зад ваквото скандалозно однесување на нашата евровизиска претставничка, која со тој гест покажа непочитување кон националното обележје, што е казниво со закон.МРТ очекува од Андреа да им се извини на граѓаните за ваквото однесување. Јавниот сервис ја разгледува можноста за нејзино повлекување од Евровизија, иако ќе се води сметка да не се предизвика поголема штета по МРТ.Против одговорните во македонската делегација ќе бидат преземени сите законски можности за најстрого санкционирање за овој скандал, стои во реакцијата на МРТ.

Македонија | пред 3 години

Screenshot-2022-05-08-at-21.17.55

(ВИДЕО) Евровизиската претставничка го фрли македонското знаме, се цени дека го прекрши и Законот

Андреа Коевска, македонската претставничка на Евросонг го фрли македонското знаме по земја додека се фотографираше во Торино. Нејзиниот потег предизвика лавина реакции. Се цени дека ова е непочит кон сопствената земја, а со оглед дека на платото не беше сама и можеше да го подаде на некој од придружниците.Дел од правниците ценат и дека ваквото постапување со македонското знаме претставува прекршување на Законот за употреба на грбот, знамето и химната на државата.Согласно членот 8 од Законот за употреба на грбот, знамето и химната на државата, истото е забрането, односно тие не смеат намерно да се кинат, палат, газат или на друг начин да се скрнават или изложуваат на презир или исмејување.

Магазин | пред 3 години

Screenshot-2022-04-10-133654

(ВИДЕО) Констракта со нова кореографија на сцената во Тел Авив

Во преполната сала во Тел Авив одличен настап имаше претставничката на Србија, Констракта која на сцена беше сама без придружните вокали.По тој повод Констракта го промени костимот и настапи во црвен фустан кој воодушеви многумина, а во нејзината рака беа неизбежните бели пешкири.Сѐ уште не се знае дали ќе има ваков костим и сценски реквизити на големата сцена на Евровизија во Италија.

Магазин | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања