Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

ЕВТИНА СТРУЈА

struja-osiguraci

РКЕ размислува за укинување на блок-тарифите

Новиот претседател на Регулаторната комисија за енергетика, Ацо Ристов, најави анализа на сегашниот модел за пресметка на сметките за струја, кој се базира на блок-тарифи, со можност за воведување нов систем со единечна цена.Според Ристов, сегашниот модел не е целосно правичен бидејќи граѓаните плаќаат различни цени за ист производ.„Можно е да воведеме нов, поправичен модел. Неправично е истата струја да се плаќа по различна цена. Не може да постојат повеќе цени за ист производ“, изјави Ристов.Блок-тарифите беа воведени во 2022 година со цел да се заштитат малите потрошувачи, да се ублажи енергетската криза и да се поттикне штедењето електрична енергија.Според проценките на експерти, евентуалното укинување на блок-тарифите би можело значително да ги зголеми сметките за домаќинствата што трошат помалку струја, особено за пензионерите и луѓето кои живеат сами.Дениз Мустафаоглу од Здружението на инженери енергетичари за ТВ „24“ изјави дека предлогот му изгледа паушален и предупреди дека струјата би можела да поскапи за околу 34 проценти.„Претседателот на РКЕ се обидува да ѝ удоволи на ЕВН и да воведе една средна цена на струјата, врз основа на која ќе се изготвуваат фактурите“, изјави Мустафаоглу.Од партијата Левица оценуваат дека ваквата промена директно би ги погодила најсиромашните граѓани и предупредуваат дека семејствата кои сега штедат струја би плаќале значително повисоки сметки.Во реакцијата се наведува и дека РКЕ не се осврнала на проблемот со паушалните сметки и на можноста за проширување на евтината тарифа.

Македонија | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања