„Ај медија“: Нема никаква соработка со СДСМ
ПР агенцијата „Ај медија“ (Eye Media) ги демантира тврдењата објавени преку соопштенијата на ВМРО-ДПМНЕ дека има соработка со Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ), оценувајќи ги како целосно невистинити и неосновани.„Eye Media нема никаков договор, ангажман ниту соработка со СДСМ или нивните советници.Не постои никаков ангажман на агенцијата во креирање соопштенија, прес-конференции или било каква комуникациска поддршка за СДСМ.Сите тврдења за „штанцање лажни соопштенија“, „центар за лаги“ или „надворешна ПР машинерија“ се целосно невистинити и немаат никаква основа во факти“, се вели во дописот.Посебно нагласуваме дека немаме никаква врска со Зоран Башановиќ.Тој не е дел од нашиот тим ниту сме имале било каква соработка со него.Eye Media се занимава исклучиво со односи со јавност, корпоративни комуникации и стратешко советување, а не со естрада, музика или менаџмент на изведувачи.Послуваме целосно транспарентно, во согласност со етиката на ПР струкава.Сите евентуални идни соработки со политички партии во регионот ќе бидат транспарентни и јавни“, стои во дописот.
Македонија | пред 5 часа