Промени тема
За нас
Претрес во кочанската болница и противпожарна бригада - разговор со обвинетиот обезбедувач Захариев
Претрес во кочанската болница и противпожарна бригада - разговор со обвинетиот обезбедувач Захариев

ФАТМИР ЛИМАНИ

media-library4860u7d361s98CWUHZY

Фатмир Лимани потпиша 11 грант договори за развој на предучилишно образование во 10 општини

Министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани, заедно со градоначалниците на десет општини, потпиша 11 договори за грант, со што се реализира уште една значајна мерка за унапредување на пристапот до квалитетно предучилишно образование и грижа за децата.„Денес потпишавме 11 нови договори за грант со општините за проширување на капацитетите во предучилишното образование.Со инвестиции од Министерството за социјална политика, демографија и млади, неискористени училишни и општински простории ги претвораме во функционални предучилишни групи, што претставува побрзо, поефикасно и одржливо решение за поголем опфат на децата.Минатата година потпишавме уште 2 договори со Кавадарци и Кисела Вода, а со денешните, вкупната бројка достигна 13.Ова партнерство меѓу централната и локалната власт е пример како со заедничка посветеност можеме да постигнеме реални и видливи резултати за граѓаните.Убеден сум дека новите предучилишни групи ќе придонесат за подобар когнитивен и социјален развој на децата, поголема подготвеност за училиште, но и за намалување на нееднаквостите уште од најрана возраст.Продолжуваме со инвестиции во раното детство- за еднакви шанси за секое дете“, вели Лимани.

Македонија | пред 6 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања