„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

featured2

ubistvo

Двајца пешаци повредени во сообраќајка вo Скопје

На 06.11.2018 годинa во 14.00 часот во Скопје на крстосницата од улица „Белградска“, улица „Тодор Александров“ и булевар „Мајка Тереза“, патничко возило „Опел Корса“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.А.(58) од Скопје, удрило во пешаците Р.К.(48) од село Стајковци, скопско и М.Б.(54) од Скопје.  Од ударот Р.К. се здобила со тешки телесни повреди, додека М.Б. се здобила со телесни повреди. Двете биле пренесени во Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде им била укажана лекарска помош.Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.

Скопје | пред 7 години

latas

„Тотал“ одложен поради спреченост на претседателот на судечкиот совет

Поради спреченост на претседателот на судечкиот совет, одложено е денешното рочиште за предметот „Тотал“, пишува Курир.Новото судско рочиште е закажано за 21 декември во 10 часот.На денешното рочиште беше присутен обвинетиот Драган Павловиќ Латас и неговите бранители. Тој во предметот на СЈО „Тотал“ е обвинет за затајување данок во висина од 121.414 евра преку правните лица „Тотал“ маркетинг” ДООЕЛ, „Тотал“ медија центар” и „Медијамакс” и 63.032 евра како физичко лице.Набавката на опремата за себе ја евидентирал како опрема за фирмите, иако во фирмите немало вработени лица, односно во една фирма имало само еден вработен.

пред 7 години

Нема фотографија

Трамп најверојанто нема да има средба со Путин во Париз оваа недела

Американскиот претседател Доналд Трамп рече дека најверојатно нема да има средба со рускиот претседател Владимир Путин во Париз оваа недела за време на одбележување на 100-годишнината од крајот на Првата светска војна.– Не сум сигурен дека ќе се сретнеме во Париз. Веројатно нема – изјави Трамп.Тој прецизира дека ќе има средба со Путин на форумот на лидери на Г-20 во Аргентина во крајот на ноември.Трамп најави и номинација на нов американски претставник во ОН до крајот на неделата.

Свет | пред 7 години

mkd-368822

Две катни гаражи ќе се прекрстат, „Тодор Александров“ во „Беко“ и „Македонска фаланга“ во „26 јули“

Советниците на Советот на град Скопје наскоро ќе гласаат за преименување на две катни гаражи во центарот на градот.Пред советниците за седницата закажана за наредниот вторник е и предлог-одлуката за катната гаража „Македонска фаланга” да се преименува во „26 јули”, а гаражата „Тодор Александров” во „Беко”.„Ова е еден пример на вреднување на историјата и на имињата кои потекнуваат од обновата на Скопје по земјотресот на 26 јули 1963 година“, пишува во образложението на предлогот.

Скопје | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања